Почетна » Новости » Занимливости » 21-годишно момче стана првата личност со Даунов синдром што некогаш го има завршено триатлонот „Ајронмен“

21-годишно момче стана првата личност со Даунов синдром што некогаш го има завршено триатлонот „Ајронмен“

Името на Крис Никич заслужено ќе биде запишано во Гинисовата книга на рекорди.

21-годишното момче стана првата личност со Даунов синдром која некогаш го има завршено триатлонот „Ајронмен“ (Железен човек). Крис пливаше 4 километри, возеше со велосипед 180 километри и трчаше маратон од 42 километри за да си ја исполни амбициозната цел. И сето тоа го направи за време од 16 часа, 46 минути и 9 секунди.

Крис Никич Крис Никич Крис Никич Крис Никич Крис Никич

„Ги сруши бариерите додека докажуваше дека несомнено сè е возможно“ – напишаа од „Ајронмен“ Флорида за Крис.

Крис Никич Крис Никич Крис Никич

Животот на Крис бил полн со предизвици уште од самиот почеток. На 5 месеци, тој поминал низ отворена операција на срцето, не одел самостојно до 4 години, а не можел да јаде цврста храна до 5 години. За Крис, триатлонот не бил само тешка трка, туку и начин за да ја подигне свеста за Дауновиот синдром и да го направи светот инклузивен.

„За Крис, оваа трка беше многу повеќе од целна линија и славење на победа. ‘Ајронмен’ послужи како платформа за да дојде еден чекор поблиску до неговата цел да живее живот на инклузија и лидерство. Ова е пример за другите деца и семејства кои се соочуваат со слични бариери, кој им докажува дека нема сон или цел кои се недостижни“ – вели неговиот татко Ник.

„За мене и за мојата сопруга, најважното нешто е дека мојот син е вклучен и дека има некаква цел. Возбуден сум што сум дел од неговото патување“ – додал тој.

Крис Никич Крис Никич

Крис тренира со Ден Гриб, кој има завршено 16 триатлони Ironman. Пред трката, Крис тренирал 4-8 часа дневно.

Крис Никич Крис Никич Крис Никич Крис Никич

„Си ја постигнав мојата цел, а сега сакам да им помогнам на други како мене“ – вели Крис, кој веќе тренира за Параолимписките игри во 2022 година.

„Ајронмен“ привлече пофалби од познати личности како и 33.000 нови следбеници на социјалните мрежи.

Крис Никич Крис Никич Крис Никич Крис Никич

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.