Почетна » Новости » Занимливости » 12-годишно девојче со Даунов синдром инспирира со изведбата на „All Of Me“

12-годишно девојче со Даунов синдром инспирира со изведбата на „All Of Me“

За лицата со Даунов синдром пеењето е огромен предизвик, но 12-годишната Медисон Тевлин успева да надмине многу пречки за да ги пее своите омилени песни.

Пред неколку дена на YouTube се појави видео во кое Медисон ја изведува песната „All Of Me“ од Џон Леџенд. И покрај тоа што за време на снимањето таа имала инфекција на синусите, нејзиниот настап брзо стана вирален хит со речиси 4 милиони прегледувања на YouTube и го привлече вниманието и на славни лица како Ештон Кучер.

Според „Down Syndrome Education International“, еден од водечките центри за истражувања поврзани со ова нарушување, многу малку лица со Даунов синдром можат да пеат, но Медисон веќе си „поигра“ со статистиката. Таа успеа и да ги запомни сите 348 збора од популарната песна на Леџенд и покрај тоа што нејзината состојба се поврзува со лошо помнење.

Поради нејзината ведрина и оптимизам, како и способноста да пее и да го помни целиот текст на одредена песна, слободно може да се каже дека Медисон е една инспиративна личност. „Сакам да инспирирам“ – вели храброто девојче во видеото.

„Дауновиот синдром е само дел од одредена личност, но тој не ја дефинира таа личност“ – ова е пораката на крајот од видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.