Почетна » Новости » Мода » 18-годишна девојка со Даунов синдром е ѕвезда во новата кампања на Гучи

18-годишна девојка со Даунов синдром е ѕвезда во новата кампања на Гучи

Ели Голдстејн си ја оствари големата желба да стане модел. 18-годишната девојка со Даунов синдром е ѕвезда во новата кампања на Гучи и сега ужива во целото внимание кое го добива.

На рекламните фотографии, таа ја презентира маскарата „L'Obscur".

„Започнав да се занимавам со моделство кога имав 15 години. Најдобриот дел е што можам да се претставам пред сите. Обожавам да бидам пред камера и да покажувам колку сум професионална.“

„Се чувствувам прекрасно и гламурозно што сум дел од кампањата за 'Гучи бјути'. Горда сум на себе, особено затоа што бев избрана за тоа. Кога ги гледам фотографиите, среќна сум со себе и сите лајкови и коментари на социјалните мрежи“ – вели позитивната девојка.

Ели Голдстејн Ели Голдстејн Ели Голдстејн

Претходно, Ели позираше за „Вог“ Италија. „Сакам да бидам модел за пример. Да покажам дека кога ги следиш твоите соништа и желби, можеш да постигнеш сè“ – изјавила таа.

Ели Голдстејн Ели Голдстејн

„Не сум имала лоши искуства поради тоа што имам Даунов синдром. Сметам дека тоа е така поради мојот карактер. Единствениот предизвик со кој се имам соочено е тоа што луѓето зборувале и потпишувале со мајка ми, наместо со мене, додека не сфатив дека можам самата да комуницирам и дека јас сум иста како нив, можеби само побавна во учењето“ – вели Ели.

Ели Голдстејн Ели Голдстејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.