Почетна » Новости » Мода » 20-годишна девојка со Даунов синдром стана заштитно лице на козметиката Benefit

20-годишна девојка со Даунов синдром стана заштитно лице на козметиката Benefit

Во ера кога светот масовно се бори за градење на поинклузивни општества, сè повеќе брендови ги рушат стереотипите, дозволувајќи да се видат сите лица на убавината.

Кејт Грант е дел од позитивниот бран на промени. 20-годишната девојка со Даунов синдром стана бренд амбасадорка на познатата козметичка компанија Benefit.

Фотографиите од кампањата наидоа на аплаузи од целиот свет.

Кејт Грант Кејт Грант

„Ја откривме Кејт случајно во летото 2018 година, кога видовме Facebook видео за нејзиното патување до станувањето модел. Инстантно се вљубивме во неа. Нејзината неверојатна енергија беше толку заразна и бевме освоени од нејзината желба за живот и решителноста“ - изјавија од брендот.

Мајката на Кејт е категорична дека младата девојка нема да застане тука. „Има огромна желба да стане супермодел. Го сакам нејзиниот оптимизам и како нејзина мајка, секогаш ќе бидам покрај неа за да ја поддржувам... Таа не дозволува пречките или нејзината попреченост да ѝ застанат на патот. Таа ќе рече: 'Дауновиот синдром не ме дефинира – јас сум Кејт'“ - вели таа.

Кејт има соработувано и со британскиот моден бренд Debenhams.

Кејт Грант Кејт Грант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11044 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.