Почетна » Новости » Занимливости » 2 години „Концепт 37“

2 години „Концепт 37“

Арт кафулето „Концепт 37“ се отвори пред две години и за кратко време успеа да се издвои и профилира како место кое дише со дух и автентичност, собиралиште на слободоумни луѓе со иновативни и прогресивни идеи кои ја препознаваат есенцијата на овој концепт-бар, кој постојано ги растегнува границите на имагинацијата.

„Концепт 37“, кој се наоѓа на ул. Рузвелтова 37, за вториот роденден подготви недела полна со настани, изложби, инсталации и артистички манифестации.

Концепт 37

Петок 3 јули

Во текот на денот ќе има акција во која за едно фредо кафе, ќе добиете две книги од издавачкиот центар „Три“. А во текот на цела недела со една купена книга, ќе добиете две книги.

Вечерната забава ќе биде со Lephonq, а за еден коктел посетителите ќе добијат два.

Сабота 4 јули

Гостуваат организаторите на „GIFEST“ од Суботица кои во 20.00 часот ќе одржат предавање за оваа визуелна форма, а од 21.00 часот ќе има и видео мапинг на гифови од фестивалот GIFEST. Мапингот ќе биде следен со 2 VJ-a од StreetFM 107.4 радио.

Недела 5 јули

Програмата почнува од 11.00 часот, кога ќе се одржи работилница за изработка на гифови преку коja посетителите ќе можат да ги визуелизираат своите идеи.

Присуството е бесплатно, а сите заинтересирани креативци за работилницата за изработка на гифови, можат да се пријават на ФБ страницата на „Концепт 37“ https://www.facebook.com/C37.mk

Концепт 37

Среда 8 јули

StreetFM радио 107.4, заедно со Concept 37, организира концептуална забава.

Четврток 9 јули

Од 19.00 часот ќе гостува Марко Настиќ од Белград, кој ќе одржи интерактивна ДЈ работилница, a подоцна од 22.00 часот ќе има и свој ДЈ сет.

Петок 10 јули

Од 21.00 часот ќе се одржи изложба на илустрации „Изложба 2“ во која двајца артисти ќе се обидат да се надоврзат на иста идеја за постер, креирајќи поединечно.

Бидете во тек и приклучете се на настанот за оваа недела:

https://www.facebook.com/events/946243452093815/

Концепт 37

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.