Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Јога инструкторката Ивана Стаменковска ја открива тајната на исхраната богата со омега-3 масни киселини

Јога инструкторката Ивана Стаменковска ја открива тајната на исхраната богата со омега-3 масни киселини

Флексибилна, „заразно“ позитивна, безрезервно посветена на активниот живот, секогаш фокусирана на самоподобрување, а особено остроумна и промислена кога е во прашање исхраната. Тоа ја опишува Ивана Стаменковска, јога инструкторката која ја победува гравитацијата и ококорува очи со „невозможните“ пози.

Како и секоја личност посветена на негувањето на здраво тело и здрав дух, Ивана постојано експериментира во кујната со цел да пронајде најдобри опции кои ќе ја одржуваат во топ форма и физички и ментално. Токму затоа преферира храна богата со омега-3 масни киселини.

И во моментите кога ужива во природа или сака брз и здрав оброк, таа има решение без да прави компромиси од нутритивен аспект – ужива во Eva сардини, имајќи на ум дека внесува богатство од протеини, витамини и минерали заедно со драгоцените омега-3 масни киселини. Погледнете:

ВИДЕО

Kога сме кај омега-3 масните киселини, сè почесто слушаме колку се значајни за нашето здравје и секогаш е убаво да се едуцираме малку повеќе за нив и да се потсетиме на бројните бенефиции.

Најдобриот начин редовно да се внесуваат омега-3 масни киселини е преку масна риба како сардини.

Омега-3 масните киселини се есенцијални нутритиенти кои телото не може да ги произведува и мораме да ги внесуваме преку исхраната. Постојат три главни омега-3 киселини: EPA и DHA кои ги има во масните риби како сардини, лосос и туна и ALA, која е најзастапена во нашата исхрана преку растителните масла, јатките (особено оревите), лененото семе и листестите зеленчуци.

Зошто омега-3 масните киселини се толку специјални?

1. Чувари се на срцето. Омега-3 масните киселини ни носат огромен број бенефиции, но најсилни се доказите за придобивките за здравјето на срцето. Тие го чуваат овој витален орган со тоа што го:

  • Зголемуваат „добриот“ (HDL) холестерол;
  • Намалуваат нивото на триглицериди;
  • Снижуваат крвниот притисок;
  • Забавуваат затнувањето на артериите.

2. Го подобруваат здравјето на очите.

3. Превенираат воспалителни процеси.

4. Одлични се за здрава и привлечна кожа и се борат со стареењето.

5. Го подобруваат здравјето на мозокот кај фетусите, бебињата и малите деца.

6. Ги ублажуваат несаканите ефекти од третманите за рак.

7. Помагаат при депресија и анксиозност.

8. Штитат од деменција и Алцхајмерова болест.

9. Асистираат за подобар сон.

10. Позитивно влијаат при алергии.

Експертите се едногласни: најдобриот начин да се внесат омега-3 масни киселини е преку масна риба како сардини, лосос или туна и советуваат да се консумира риба барем двапати неделно.

Сардини

Препорака

Кога купувате риби, обрнете посебно внимание на потеклото, затоа што средината во која растат неспорно влијае на квалитетот и нутритивните вредности. Во тој контекст се истакнуваат Eva сардините, кои доаѓаат од длабочините на Јадранско Море, едно од најчистите мориња во Европа.

Соленоста на Јадранско Море и умерената температура исто така се фактори кои придонесуваат за уникатниот вкус и состав на јадранските сардини. А најдоброто е што тие стигнуваат од длабочините на Јадранот до нас без конзерванси и адитиви.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.