Младата и талентирана гимнастичарка Тара Драгаш направи вистински подвиг на Светското првенство, освојувајќи златен и бронзен медал за фантастичните изведби со топка и лента.
18-годишната девојка, родена во Италија, ја претставуваше својата татковина во четири дисциплини на Светското првенство во Милано и се претстави во неверојатно светло. За дисциплината со топка, Тара танцуваше на песната „Лела Врањанка“ во изведба на Јелена Томашевиќ и освои бронзен медал.



По успехот, Јелена Томашевиќ ѝ се заблагодари на Тара, што ја одбра нејзината изведба на познатата песна и што избра токму нејзиниот глас да ја прати на патот до медалот.
За настапот со лента, Драгаш го доби првото место.
Тара е вистинска инспирација за сите млади девојки кои со страст ги следат своите соништа.

