Почетна » Рецепти » Travelbook #zaciniinspiracija » Гастрономско патување околу светот: Егзотичен азиски специјалитет од Симоне Калица

Гастрономско патување околу светот: Егзотичен азиски специјалитет од Симоне Калица

Обожавате да истражувате најразлични култури преку храната? Сакате да ги разгалувате непцата со возбудливи комбинации во кујната?

Да тргнеме заедно на гастро авантурата „Пат околу светот“ на Vegeta Maestro, со која познати македонски блогери ќе нè „прошетаат“ на различни дестинации преку примамливи специјалитети.

За популарната фотографка Симоне Калица глобусот сопре на Азија, континентот познат по употребата на силни, лесно препознатливи зачини како шафран, ѓумбир и куркума. Со ароматно главно јадење, таа ќе ни ги стимулира сетилата и ќе се обиде да нè телепортира на најголемиот и најнаселениот континент.

beef stir fry

За новата авантура, Симоне вели:

Кулинарското патување штотуку започна. Обожавам да готвам, посебно кога станува збор за азиска храна. Сакам да експериментирам со зачини, а токму оваа кујна ни нуди експлозија на вкусови.

За ова кулинарско патување, избрав да зготвам beef stir fry. Користев внимателно одбрани свежи намирници, но тајната за богатиот вкус на овој рецепт се состои во 100% природниот ѓумбир и шафран на Vegeta Maestro.

beef stir fry

Ве заинтригира? Еве како да го подготвите:

Јунешко со зеленчуци и ориз

Состојки

500 гр јунешко месо
2 пакетчиња басмати ориз
1 тиквичка
3 моркови
1 млад кромид
2 големи лажици теријаки сос
2 мали лажички сусам
сол
црн бибер Vegeta Maestro
ѓумбир Vegeta Maestro
шафран Vegeta Maestro
масло

Подготовка

1

Ги сецкаме младиот кромид и морковите на мали парчиња, а тиквичката ја рассекуваме по должина на тенки ленти. Јунешкото месо го сечеме на коцки и го зачинуваме со сол и црн бибер Vegeta Maestro.

beef stir fry beef stir fry
2

Во тавче загреваме малку масло и ги додаваме месото и зеленчуците да се готват. Зачинуваме со ѓумбир и шафран, го додаваме теријаки сосот и на крај поросуваме со сусам.

beef stir fry beef stir fry beef stir fry
3

Оризот го готвиме според инструкциите на пакувањето и врз него го сервираме приготвеното месо со зеленчуци.

beef stir fry
beef stir fry

А која ли ќе биде следната гастро дестинација?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.