Примамливите специјалитети понекогаш не бараат експертизам и може да ги приготвуваат и почетниците во кујната.
Хрватскиот шеф Иван Пажанин предлага рецепт за шпагети со сардини кој е многу едноставен за следење и ќе ви успева секогаш, без исклучок.
Видео
Состојки
| 250 гр | шпагети No7 |
| 50 мл | маслиново масло |
| 100 гр | кромид |
| 50 мл | бело вино |
| 300 гр | шампињони |
| 200 гр | жолти чери домати |
| 1 чешне | лук |
| 1 лажица | капари |
| 2 конзерви | EVA сардини со зеленчук |
| сол | |
| црн бибер | |
| 1 лажица | сецкан магдонос |
Подготовка
- Шпагетите варете ги во солена вода според инструкциите на етикетата односно додека да станат „al dente“.
- Во длабока тава загрејте го маслиновото масло, додајте го ситно исецканиот кромид. Откако ќе омекне кромидот, налејте малку вино, ставете ги исецканите шампињони и пропржете накратко.
- Додајте ги исецканиот лук, капарите и исцедените шпагети. Нацрпете малку од водата во која се вареа шпагетите и прелијте ги состојките во тавата. Потоа, додајте EVA сардини со зеленчук и промешајте за сè да се распространи порамномерно.
- Пресечете ги доматите на половина, додајте ги во тавата, посолете и гответе уште кратко време. Посипете со исецкан магдонос и послужете.
