Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нежна и смела: Антониа Гиговска стилски впечатлива на охридскиот брег

Нежна и смела: Антониа Гиговска стилски впечатлива на охридскиот брег

Антониа Гиговска деновиве ужива на охридскиот брег заедно со својот близок пријател, шминкерот Даниел Николовски, а големо внимание привлекоа нејзините стајлинзи.

24-годишната пејачка сподели низа фотографии кои совршено ја отсликуваат нејзината младешка енергија и стилот. Згодната музичарка позираше во целосно бела комбинација од топ и мини здолниште кои ѝ ги нагласија тонираните стомачни мускули.

Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска

Вториот стајлинг носи сосема поинаква, поурбана нота. Под креативната палка на нејзината долгогодишна модна стилистка Викторија Бурсаќ, Антониа се појави во бежов елек со V-деколте, комбиниран со кратки тесни панталони и модерни каубојски чизми од кои се наѕираат високи спортски чорапи. Изгледот е надополнет со кафена марама со точкест принт и накит од брендот Rue des Mille, кој кај нас може да се најде во продажните места на Chapter 03.

Антониа Гиговска Антониа Гиговска

„Охрид е нашиот Тексас кога ја имаме Бурсаќ“ – стои во описот под заедничката фотографија со Даниел, за која двајцата позираат во складни, автентични комбинации.

Антониа Гиговска Антониа Гиговска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28955 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.