Марго Роби беше вистински магнет за погледи на премиерата на нејзиниот најнов филм „A Big Bold Beautiful Journey“ во Лондон.
35-годишната актерка, која минатиот октомври стана мајка, го покажа своето извајано тело во смел стајлинг кој ретко кој би го носел. На црвениот тепих, ѕвездата од „Barbie“ беше облечена во проѕирен фустан со гол грб од колекцијата висока мода за сезоната пролет/лето 2025 на Армани.












Роби позираше и со својот колега, актерот Колин Фарел, кој носеше костум и мантил од Долче и Габана.






Убавата холивудска ѕвезда се врати на големиот екран помалку од една година од раѓањето на синчето. Марго и Том Акерли објавија дека ќе станат родители во јули минатата година.

