Ед Ширан го објави долгоочекуваниот осми студиски албум, насловен „Play“.
По тој повод, на својот YouTube канал го сподели и спотот за новата песна „Camera“кој го сними заедно со ѕвездата од серијата „Bridgerton“, актерката Фиби Дајневор.
Романтичниот видеозапис е сниман само со iPhone на островот Хвар во Хрватска, а во него се пресоздадени клучни моменти од неговата љубовна врска со сопругата Шери.

Погледнете го:
За идејата за спотот, Ед напиша:
„Оригиналната идеја за моето музичко видео за ‘Camera’ беше да користам приватни домашни снимки од клучни моменти од мојата врска со Шери. Но, како што знаете, ние сме многу приватен пар и некои работи сакавме да ги задржиме само за нас. Затоа рекреирав неколку важни моменти од нашата врска за музичкото видео со прекрасната Фиби Дајневор. Снимањето на ова видео беше забавно, целиот процес изгледаше како одмор. Сè беше снимено со iPhone, а режијата беше на прекрасниот Емил Нава. Се надевам дека ќе ви се допаднат и песната и видеото, двете ми значат многу“.


Албумот „Play“ се состои од 13 песни. Првата од нив, „Azizam“, беше објавена во април оваа година.