Во вистински стил на славно семејство, Саша Матиќ го прослави полнолетството на ќерката Тара.
По повод 18-тиот роденден на атрактивната девојка, славниот пејач направи гламурозна забава која ќе се памети долго време. Настанот се одржа во Сава центарот во Белград, а на него присуствуваа 700 гости и славни музичари како Саша Ковачевиќ, Никола Роквиќ, Милица Павловиќ, Ацо Пејовиќ, Жељко Самарџиќ, Жељко и Јована Јоксимовиќ, Јован Перишиќ и Бресквица.


Целото семејство Матиќ блескаше во гламурозно издание, а вниманието го привлече самата славеничка Тара, која изгледаше прекрасно во златен фустан. Сестра ѝ Александра изгледаше атрактивно во сребрена креација, додека нивната мајка Анѓелија шармираше во зелена тоалета.




Вечерта беше исполнета со настапи од врвни музичари и пријатели на семејството, кои дополнително ја разубавија атмосферата.





ФОТО: Instagram / Telegraf, SAŠA MATIĆ