Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Велосипедистот Кирил Марковски обожава сардини како извор на калциум, еве зошто треба и вие

Велосипедистот Кирил Марковски обожава сардини како извор на калциум, еве зошто треба и вие

Спортските ентузијасти многу добро знаат дека за телото да го достигне максималниот потенцијал, неопходно е да биде хрането што е можно поздраво. Тие се и мошне пребирливи кога станува збор за исхраната, бидејќи го сакаат само најдоброто.

Кирил Марковски има извозено илјадници километри и освоено десетици медали, а еден од главните елементи во неговите напорни подготовки за трки е балансираната исхрана полна со витамини и минерали. Младиот велосипедист, кој минатата година стана шампион на Македонија во цикло крос, вели дека сардините се многу често негово „хранливо гориво“ затоа што изобилуваат со калциум за здрави коски, мускули, нерви и срце.

И за време на вело авантурите, негов избор се Eva сардините:

ВИДЕО

А зошто сардините се одличен извор на калциумот и зошто овој минерал е толку многу важен не само за спортистите, туку за секој од нас, дознајте во продолжение:

Зошто сардините се врвна храна за внес на калциум?

Калциумот најчесто се асоцира со млечни производи, па помалку познат факт е дека преку рибата можеме да внесеме многу повеќе од овој есенцијален минерал. Или поконкретно, сардините содржат трипати повеќе калциум од млекото*.

Препораките за возрасните личности (19-50 години) се дневно да внесуваат по 1.000 mg калциум, а таа бројка расте до 1.200 mg кај жените над 50 години.

Имајќи предвид дека во само 50 g сардини има дури 217 mg калциум, станува кристално јасно зошто треба да го зачестиме присуството на сардини на трпезата.

Сардините содржат и витамин Д, кој е од суштинска важност за ефективна апсорпција на калциумот.

Сардини
Факт:
Сардините содржат ТРИПАТИ повеќе калциум од млекото*

Здравствени придобивки од калциумот

Калциумот има клучна улога во правилното функционирање на многу телесни процеси. Ова се главните бенефиции:

  • Суштински е важен за здрави коски и заби, како и за одржување на коскената маса и превенција од остеопороза.
  • Придонесува за стабилен крвен притисок.
  • Го ублажува ПМС (предменструалниот синдром).
  • Води до намален ризик од рак на дебелото црево и ректумот.
  • Ја асистира правилната функција на мускулите, меѓу кои и срцевиот мускул со што придонесува за добро кардиоваскуларно здравје.
  • Го забрзува метаболизмот и го помага одржувањето на здрава тежина.
  • Значаен е за работата на нервите и целосниот нервен систем.
Сардини

Сардините се лесно достапни во конзервирана верзија, не се никаков товар на буџетот, буквално немаат потреба од дополнителна подготовка, а може да ги складирате долго време. Па, овие рипчиња со јадливи коски, особено кога стигнуваат до нашите чинии без конзерванси и адитиви како EVA сардините, се фантастичен нутритивен избор за кој ќе ви биде благодарно целото тело.

*Споредено во 100 грама (Извор: National Nutrient Database for Standard Reference на USDA)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.