Почетна » Здравје » Интимно » Анти-ПМС диета

Анти-ПМС диета

Предменструалниот синдром (ПМС) е голем проблем за многу жени. Промената на нивоата на хормоните во телото предизвикува различни физички и емоционални симптоми како вознемиреност, ненадејни промени во расположението, нервоза, главоболка, замор, подуеност, појава на акни, чувствителност на градите и сл.

Ако и вие сте дел од жените коишто страдаат од ПМС, тогаш добро знаете колку е нервозно, болно и депресивно секој месец да мора да се соочувате со истите проблеми. Добрата вест е што можете да ги ублажите или целосно да ја спречите појавата на симптомите на ПМС со помош на правилна исхрана.

Што треба да избегнувате?

Жена што јаде чоколадоКажете ѝ „не“ на слатката храна за да ги ублажите симптомите на ПМС
  • Кофеин. Кофеинот ги прави симптомите на ПМС поинтензивни. Намалете ја консумацијата на кофеин од кафето, чаевите, газираните пијалоци и чоколадото. Така сигурно ќе ја намалите чувствителноста на градите што е чест симптом на ПМС.
  • Алкохол. Не консумирајте алкохол во периодот на последната седмица од вашиот циклус, затоа што алкохолот може да предизвика појава на депресија, замор и главоболки.
  • Слатка храна. Слатката храна (колачиња, торти, чоколадо) е омилена кај жените, особено пред крајот на месечниот циклус, но таа може да предизвика влошување на симптомите на ПМС. Ваквата храна предизвикува промена на нивоата на шеќер во крвта, а тоа води до промени во расположението.
  • Мрсна храна. И мрсната храна ги влошува симптомите на ПМС. Избегнувајте го црвеното месо, свинското, говедското и јагнешкото. Консумирајте повеќе пилешко месо и риба.
  • Сол. Консумирањето на големи количества сол преку исхраната е голема закана за вашето целосно здравје. Меѓу другото, солта го стимулира задржувањето на течности во телото и прави да се чувствувате подуено и неудобно. Колку што можете повеќе елиминирајте ја солта. За да го подобрите вкусот на храната, употребувајте зачини наместо сол.

Што треба да консумирате?

Жена што пие млекоКалциумот, кој во изобилство го има во млекото, ги редуцира симптомите на ПМС
  • Млеко и млечни производи. Калциумот ви е најдобриот пријател во борбата против ПМС, а него го има во изобилство во млекото и млечните производи. Многу истражувања покажале дека калциумот ги редуцира симптомите на ПМС, особено симптомите како чувство на подуеност, грчеви и болки во стомакот и голема желба за консумирање на дадена храна (чоколадо, брза храна). Чаша млеко може да ви помогне и да ја намалите напнатоста и да се преборите со несоницата. Добро е да знаете дека витаминот Д ја помага апсорпцијата на калциум.
  • Банани. Вклучете банана во вашиот појадок, затоа што ќе ви помогне да ги избегнете непријатните промени во расположението во текот на денот. Бананите се богати со калиум (помага при грчеви и болки во стомакот) и витамини од групата Б (го намалуваат задржувањето на вода во телото со што ја намалуваат подуеноста и ги ублажуваат симптомите на депресија).
  • Спанаќ. Ова растение е богат извор на магнезиум, минерал којшто се смета дека влијае врз симптомите кои се појавуваат како резултат на ПМС. Магнезиумот може да го намали нивото на стрес, па нема да бидете толку избувливи во оној период од месецот. Исто така, недоволното консумирање на магнезиум може да е причина за појавата на главоболки, мигрена и замор.
  • Мрсна риба. Мрсната риба како лосос, скуша или туна ќе ви помогне да внесете есенцијални масни киселини во телото и да ја намалите болката во стомакот.
  • Вода. Пијте 6-8 чаши вода. Водата ја намалува подуеноста на стомакот, бидејќи му помага на телото да се ослободи од вишокот на течности.

Освен калциумот и магнезиумот, ваши пријатели во борбата со симптомите на ПМС се и витаминот А и витаминот Д, кои можат да го редуцираат појавувањето на акни. Добар извор на овие витамини се житарките, млекото и млечните производи, рибата, спанаќот, морковите и сл.

Витаминот Б6 помага во намалувањето на грчевите во стомакот, но и ја намалува депресијата. Тој е застапен во мешунките (грав), јаткастите плодови, зеленчуците (моркови, спанаќ), јајцата, месото, рибата и житарките. Најголеми извори на витамин Б6 се лососот, пилешкото, бананите, авокадото и тиквичките.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.