Калиум

Калиумот е многу важен минерал за правилно функционирање на сите клетки, ткива и органи во човечкото тело. Заедно со натриумот, калциумот и магнезиумот, калиумот ја оформува групата на најважни минерали и електролити.

Познавањето на основните факти за калиумот може многу да ни помогне во одржувањето на целосното здравје.

Жена со бананиКалиумот е минерал кој се среќава во сите групи на храна, но во големо количество го има во бананите.

Зошто ни е потребен калиум?

Калиумот има важна улога во телесните процеси, како што се функциите на нервите и мускулите и одржувањето на рамнотежата на течностите.

Ако страдате од висок крвен притисок или ако имате проблеми со срцето, внесувањето на калиум е многу важно. Постојат докази дека калиумот го намалува крвниот притисок и го намалува ризикот од појава на аритмија.

Присуството на доволно калиум во телото го намалува количеството калциум што се губи преку урината, ги заштитува коските од остеопороза и го намалува ризикот од појава на камен во бубрегот.

Иако калиумот не е директно поврзан со холестеролот, консумирањето на храна богата со калиум може да придонесе за намалување на нивото на холестерол во телото.

Симптоми при недостиг на калиум

Калиумот е минерал којшто се среќава во сите групи на храна, но лошите навики за хранење можат да предизвикаат недостаток на калиум во телото. Иако недостатокот не е сврзан директно со ниту една болест, сепак примањето на доволно калиум е особено важно за целосното здравје и правилно функционирање на телото, особено за срцето.

Недостатокот на калиум се нарекува хипокалемија и настапува кога нивото на калиум во телото е под нормалното. Некои од симптомите кои се појавуваат при недостаток на калиум се:

  • Малаксаност;
  • Замор;
  • Грчеви во мускулите;
  • Запек;
  • Абнормален ритам на срцето (аритмија).

Доколку се сомневате дека страдате од недостиг на калиум, направете консултација со доктор.

Ризични групи за појава на недостаток на калиум

Иако калиумот лесно може да се надомести преку исхраната, некои групи на луѓе се посклони кон појава на недостаток на овој минерал.

  • Спортистите. Бидејќи спортистите повеќе потат, тие губат и поголемо количество на калиум. Спортистите треба особено да внимаваат на внесувањето на доволно калиум.
  • Луѓето кои консумираат алкохол. Колку повеќе пиете, толку повеќе уринирате, а на тој начин губите калиум.
  • Луѓето што примаат одредени лекови. Лековите кои имаат диуретски ефект лесно можат да придонесат за појавата на хипокалемија.

Препорачани дневни потреби на калиум

Препорачаните дневни потреби на калиум варираат во зависност од возраста на лицето.

  • Новороденчиња (0-6 месеци) – 400mg
  • Бебиња (6-12 месеци) - 700mg
  • Деца (1-3 години) – 3 000mg
  • Деца (4-8 години) – 3 800mg
  • Деца (9-13 години) – 4 500mg
  • Тинејџери (14-18 години) – 4 500mg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 4 700mg

Храна богата со калиум

Правилната балансирана исхрана треба да ви донесе и доволно калиум, па затоа недостатокот на калиум кај луѓето кои практикуваат балансирана диета е мошне ретка појава.

АвокадоАвокадото е богат извор на калиум.

Најмногу калиум има во сокот од портокал, компирите, бананите, авокадото, доматите, брокулите, дињата, кајсиите, јагодите, спанаќот и млекото. Но, исто така калиум има и во зелката, модриот патлиџан, смоквите, сливите, печурките, бадемите, кикириките, краставицата, туната, сардините и повеќето видови месо и риба.

Еве и неколку дополнителни совети кои ќе ви помогнат да внесете повеќе калиум преку храната:

  • Не претерувајте со готвењето. Нивото на калиум во многу видови храна може да опадне дури со 60% ако претерате со готвењето.
  • Не ги варете зеленчуците во многу вода. Зеленчуците кои се варат во големо количество вода, во процесот на готвење губат многу од калиумот што го содржат.
  • Избегнувајте преработена храна. Колку што можете почесто консумирајте свежа непреработена храна. Преработената храна содржи многу малку калиум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.