Крунисана е новата Мис на светот! Харизматичната претставничка на Венецуела, Ивиен Саркос, која ги изгубила своите родители уште кога била мала, а сонувала да стане калуѓерка, ја понесе посакуваната титула Мис на светот 2011. Погледнете фотографии од финалистките.
Иако Бијонсе молчи на прашањата за полот на бебето, нејзината најдобра пријателка, Кели Роланд, ненамерно откри дека Бијонсе и Џеј-Зи очекуваат девојче.
Црни салонки, крем чевли со отворени прсти, црни високи урбани чизми, платнени патики, балетанки, ниски сандали... Прочитајте кои 10 типа обувки ѝ се потребни на секоја жена според списанието Glamour.
„Truth or Dare“ – тоа е новиот моден бренд зад кој ќе стои кралицата на поп музиката, Мадона. 53-годишната пејачка одлучила дека ова е идеално време за да создаде моден бренд за возрасни.
Неименувани маж и жена од Јужна Африка доживеале огромен шок откако непосредно пред свадбата дознале дека се брат и сестра. Уште полошата вест е што жената е бремена и наредниот месец треба да го роди бебето на својот брат. Прочитајте повеќе.
Длабока ревитализација, балсам против сува и оштетена коса, маска за поголема мекост и повеќе сјај, спреј за расплеткување на косата, измивање со кафе (за бринети)... Научете неколку домашни третмани со чија помош ќе се ослободите од безживотниот изглед на косата.
Престижната лондонска стоковна куќа Хародс во текот на оваа недела ќе изложи неверојатна колекција луксузни предмети со Сваровски кристали, меѓу кои ќе се најде и блескав фустан со 150.000 кристали, кој чини нешто повеќе од 266.000 евра.
Едноставна, тренди, гламурозна и младешка – така може да се опише новата празнична колекција на Лорен Конрад за нејзината модна линија Paper Crown. Погледнете ја колекцијата тука.
Шпански научници откриле врска помеѓу консумирањето јаткасти плодови и зголемувањето на серотонинот, супстанција која го намалува апетитот, ја зголемува среќата и го подобрува здравјето на срцето.
Сините очи се неостварена желба на илјадници луѓе низ светот. Но, наскоро желбата за сини очи нема да биде само недостижен сон, затоа што американски научници откриле брза ласерска процедура која ќе им даде можност на луѓето со кафеави очи да имаат сини очи. Прочитајте повеќе.