• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Внимавајте што јадат и со што си играат децата“: Д-р Бојана Силјановска Новачкова со апел до родителите

23 септември 2026, 13:28
  • cподели

Една секунда невнимание е доволна за едно мало дете да се најде во животозагрозувачка ситуација.

Токму таков случај неодамна беше во рацете на д-р Бојана Силјановска Новачкова, која како специјалист по оториноларингологија и бронхоскопист во ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата – Козле, со успешна интервенција го спаси животот на едногодишното дете кое вдишало кикирика.

„Вдишувањето на храна или друго туѓо тело во дишните патишта е сериозна и потенцијално животозагрозувачка состојба која, за жал, може да се случи за само неколку секунди и доколку не се интервенира на време да има фатален исход“ – предупредува д-р Силјановска Новачкова за Фемина.

Кикириката извадена при интервенцијата кај едногодишното дете

Таа посочува дека особено внимание е потребно кај малите деца, особено до 3-годишна возраст, бидејќи нивниот механизам за безбедно џвакање и голтање сè уште не е целосно развиен, а децата природно го истражуваат светот и со устата.

„При јадење, детето треба да биде седнато и под надзор на возрасен, а храната да биде соодветно подготвена и прилагодена на возраста. Не дозволувајте детето да јаде додека трча, игра, лежи или да зборува со полна уста“ – апелира докторката.

Меѓу намирниците на кои родителите треба да внимаваат се јаткастите плодови, како кикирики, сончоглед, лешници, бадеми и леблебии, но и пуканки, цели зрна грозје, тврди бонбони, парчиња месо, тврди парчиња суров зеленчук, како и мешункасти производи (грав, леќа, ориз). 

„Посебно е сериозно инхалирање на вегетабилни туѓи тела кои лесно набабруваат и прават дополнителна опструкција, како и реакција на слузницата на дишните патишта“ – додава таа.

Но, опасноста не доаѓа само од храната. Мали делови од играчки, ситни коцки, мониста, монети, батерии, магнети и други предмети исто така можат да завршат во дишните патишта.

„Родителите треба редовно да ја проверуваат околината во која престојува детето и да ги отстранат сите предмети кои може да ги стави во уста. Играчките треба да бидат соодветни на возраста и без лесно одвојливи мали делови“ – советува д-р Силјановска Новачкова.

Доколку детето ненадејно се загуши, започне силно да кашла, отежнато дише, се појави свирење при дишењето или нагло посинување на кожата, потребно е веднаш да се побара итна медицинска помош.

„Важно е да се знае дека по вдишување на туѓо тело, детето понекогаш може привремено да престане да кашла или симптомите да бидат релативно благи, а туѓото тело сепак да остане во дишните патишта. Бронхоскопијата е основна метода за детектирање и отстранување на туѓи тела од долните дишни патишта“ – советува д-р Бојана и порачува дека превенцијата е најважниот чекор.

„Не можеме секогаш да предвидиме што ќе направи едно мало дете, но можеме да создадеме побезбедна средина околу него. Една мала навика – детето да јаде мирно, да биде под надзор и да нема достапни ситни предмети – може да спречи голема трагедија. Да бидеме внимателни. Да ги заштитиме нашите деца“ – додава таа.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Бојана Силјановска Новачкова

Најнови

  • „Внимавајте што јадат и со што си играат децата“: Д-р Бојана Силјановска Новачкова со апел до родителите

    Wed, 09/23/2026 - 13:28
  • „Ти си мојот херој“: Кристина Еплгејт покажа како изгледа по неколкумесечниот престој во болница поради мултипла склероза

    Wed, 09/23/2026 - 12:40
  • „Победата ми покажа дека мајчинството не става точка на кариерата“: Вероника Консевиќ за бронзата во Таранто

    Wed, 09/23/2026 - 11:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.