„Една е мајка, порано лекуваше луѓе, сега главно дотерување ѝ е за на лекар“: Ана Јовковска сподели фотографија и порака за мајка ѝ
Ана Јовковска се гордее со родителите, а тоа го споделува со следбениците на социјалните мрежи.
Откако неодамна објави емотивен текст за својот 82-годишен татко, македонската новинарка сега сподели фотографија и порака за мајка ѝ, која има 80 години.
„Една е мајка ❤️ Данче, 80 години – неуморна! Порано лекуваше луѓе, сега главното дотерување ѝ е за одење на лекар. Животиште!“ – напиша Ана на објавата на Instagram Story.
На фотографијата нејзината мајка позира дотерана и насмеана, со бастун во раката.
Ана во друга објава сподели дека во минатото била вистинска копија на мајка си.
Во саботата, Ана напиша текст во кој раскажа колку е благословена и среќна што сè уште ги има родителите покрај себе.
Еве го:
Столб е мал збор за него. Мојот татко на 82 години. Еве ја приказната од утрово...
Патувам со автобус за Прилеп. Одам на промоција на моите книги на фестивалот Силјан Штркот - Театарски фестивал за деца во Центарот за култура денес во 12 часот. Пред 28 години мојот прв ангажман како водителка надвор од Скопје беше токму во Прилеп заедно со Билјана Беличанец. Јас имав 16 години, таа 25 и чест ми беше што сцената ја делев со веќе позната и одлична актерка. Фали на нашата театарска сцена 🙁 Како малолетна, се рабира, татко ми ме однесе во Прилеп со неговата бесна кола 🙂
Утрово (28 години потоа) татко ми повторно ме допрати овој пат до автобуската само. Доволно за да осетам дека сеуште го имам ❤️
Мајка ми во меѓувреме направила топли кифлички и ми пратила за ужинка. Онака како што јас утрово му спремив проја на моето скоро 10-годишно дете пред да тргнам. Тоа сега спие и се гушка со татко му додека мајка му патува за Прилеп. Кругот е неверојатен!
Благословени и среќни сме сите што сеуште сме нечии деца додека во исто време сме и родители на нашите деца!