• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Буквално се судривме и ѝ реков 'Чао бела', се сликаше само со нас“: Македонскиот фотограф Badstef за средбата со Моника Белучи

24 септември 2026, 14:24
  • cподели

Стефан Соколовски во моментов е во Италија, каде присуствува на Модната недела во Милано.

Македонскиот фотограф, познат како Badstef, таму имаше можност да се сретне со холивудската ѕвезда Моника Белучи и да направи заедничка селфи фотографија со неа.

„Бев на ревија на Fendi, со другарка ми Жуана од ‘Дубаи Блинг’ и малку доцневме, па шоферот што директно ни го пратија од Fendi, не можеше да паркира и за малку ќе ја затвореа ревијата... влетавме во последен момент. Многу беше темно на самата локација бидејќи тука беше ревијата, осветлувањето беше направено така многу чудно, не се гледаше ништо. 

И буквално да поминам, се судрив со неа, но со грб, не видов дека е таа, а беше со темна коса и со наочари и кога рече ‘Scusi’ (Извинете) и кога се сврти, тогаш сфатив дека е таа... во шок бев и ѝ викам ‘Ciao, Bella’. И после на крајот кога излезе, се видовме, се сликавме, само со нас се сликаше... така што беше навистина момент како на филм... 

Преубава е, прекрасна е и многу е културна“ - откри Badstef, ексклузивно за Фемина.

Покрај тоа што беше гостин на ревијата, Стеф е и професионално ангажиран на неколку модни едиторијали во склоп на настаните од модната недела.

Кумановецот се дружеше и со популарниот тиктокер Џејкоб Рот и со врвниот моден фотограф Џампаоло Сгура, на забавата по повод 40-годишнината на модниот бренд „Hogan“.

Талентираниот фотограф претходно, во интервју за Фемина, рече дека имал безброј вакви ‘штипни ме – дали сонувам?’ ситуации, а зборуваше и дека патувањето на луксузни дестинации е неговото ново „нормално“ сега:

„Секако дека станува некој начин на нормала, што понекогаш знае да биде претешко и едноставно самиот тој стандард го бараш понатака низ целиот тек на животот и во сите сфери на самото живеење, и во твојата блиска средина, и во твоите пријателства, секојдневие и сѐ останато. Како човек ме менува само тоа што знаеш да вреднуваш, да препознаеш и да очекуваш квалитет околу себе. Самиот раст и успех си носи своја цена кој не секој може да ја приушти.“

Даница Караташова Илиоска /  Femina.mk

Tags
Стефан Соколовски

Најнови

  • „Буквално се судривме и ѝ реков 'Чао бела', се сликаше само со нас“: Македонскиот фотограф Badstef за средбата со Моника Белучи

    Thu, 09/24/2026 - 14:24
  • Хелена Роза стана баба: Ќерка ѝ Кјара се породи и објави фотографија со новороденчето

    Thu, 09/24/2026 - 11:46
  • Малиот Бајрам го победи ракот и за рака со братчето заѕвони на ѕвончето на Детската Клиника во Скопје

    Thu, 09/24/2026 - 11:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.