• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Од локална идеја до заедничка одлука: гласајте за еден од трите проекти во „Иднина која инспирира“ на dm

24 септември 2026, 15:33
  • cподели

Секоја заедница најдобро знае што ѝ недостига – почиста околина, уреден простор за дружење или место каде што луѓето можат да учат, создаваат и да се поврзуваат. Токму од вакви конкретни локални потреби произлегуваат трите проекти во финалниот избор на „Иднина која инспирира“. До 27 септември 2026 година, граѓаните можат да изберат меѓу „Силата е во младите“, „Природа што нè поврзува“ и „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“ и со својот глас да придонесат еден од нив да добие дополнителна поддршка од dm drogerie markt. Гласајте за вашиот фаворит на следниот линк.

Зад „Силата е во младите“ стои потребата младите да не бидат само набљудувачи, туку активни учесници во грижата за животната средина. Проектот на Здружението за екологија, еколошка едукација и еколошка обединетост „За почиста Македонија“ предвидува еколошки чистки во скопските населби, работилници и дискусии со деца и млади, како и видеосодржини за подигнување на јавната свест и поттикнување поодговорен однос кон околината.

„Природа што нè поврзува“ тргнува од една поинаква локална потреба – запуштен и неискористен простор во Неготино да добие нова вредност за граѓаните. Центарот за регионален одржлив развој планира просторот да го преобрази во зелено и функционално место за одмор, рекреација и дружење. Преку волонтерски акции ќе се расчистува и уредува локацијата, ќе се садат дрвја и растенија, ќе се поставуваат клупи и други практични елементи, а предвидени се и едукативни и креативни активности.

Со „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“, Здружението за едукација, развој, јакнење и вмрежување „ЕДЕН ХАБ“ од Прилеп тргнува од прашањето како неискористените простори повторно да ѝ служат на заедницата. Проектот предвидува мапирање и активирање простори во Прилеп, Кривогаштани и неколку општини на територијата на Град Скопје, кои со помош на волонтерите треба да прераснат во достапни центри за учење, креативност, практични вештини, ментална благосостојба, активно граѓанство и меѓусебна поддршка.

Трите проекти произлегуваат од различни средини и одговараат на различни потреби, но ги поврзува истата идеја – граѓаните и локалните заедници активно да учествуваат во создавањето подобри услови за живот. Со гласањето, токму граѓаните добиваат можност да покажат која од овие потреби ја препознаваат како најважна за дополнителен поттик.

Финалното гласање е дел од пошироката иницијатива „Иднина која инспирира“, во рамките на која годинава беа пријавени вкупно 74 проекти. По стручното оценување, пет иницијативи веќе добија финансиска поддршка од dm во вкупна вредност од 2,9 милиони денари. Во стручното жири учествуваа Гоце Калинов од „Ретвитни оброк“, Далиборка Златева, претседател на „Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес“, Ико Брдаровски, менаџер за грижа на корисници во „Пакомак“, како и тројца претставници на dm.

Меѓу петте веќе избрани проекти се „Охрид Еко 2027“ на Нуркачкиот центар „Амфора“, „Херои на солидарноста: Тегла Плус за нашата заедница“ на Здружението „Љубезност“, „Поддршка блиску до тебе – Заедно до правата“ на Македонското здружение на млади правници, „Заедно сме шампиони – инклузија преку спорт“ на Специјална Олимпијада – Македонија и „DM HUB – Центар за благосостојба и грижа ‘Грижа за себе. Грижа за другите. Грижа за заедницата.’“ на Центарот за истражувања и анализи НОВУС.

Преку „Иднина која инспирира“, dm продолжува да им дава простор на идеите што произлегуваат од реалните потреби на локалните заедници, а со вклучувањето на граѓаните во финалниот избор ја заокружува идејата дека позитивната промена е најсилна кога се создава заедно.

Најнови

  • Од локална идеја до заедничка одлука: гласајте за еден од трите проекти во „Иднина која инспирира“ на dm

    Thu, 09/24/2026 - 15:33
  • „Буквално се судривме и ѝ реков 'Чао бела', се сликаше само со нас“: Македонскиот фотограф Badstef за средбата со Моника Белучи

    Thu, 09/24/2026 - 14:24
  • „Си љубела, ќе љубиш“ – Каролина Гочева пресреќна за новата песна со Пијан Славеј

    Thu, 09/24/2026 - 13:33
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.