Бијонсе синоќа за првпат се појави во јавност по породувањето. Облечена во тесен црвен фустан и со насмевка на лицето, Бијонсе се раздели од новородената ќерка Блу Ајви за да го придружува својот сопруг Џеј-Зи, кој настапуваше во Carnegie Hall во Њујорк.
Наближувањето на празникот на вљубените го поттикна создавањето на најромантичниот фустан, изработен од 1.725 цветови. Погледнете го фустанот кој мами воздишки.
Ана Курникова одлучи да се збогува со еден од своите луксузни имоти. 30-годишната тенисерка ја продаде својата куќа во Мајами за речиси седум и пол милиони долари. Погледнете ги фотографиите.
„Сега сме позаљубени отсекогаш. Ние сме доказ дека вистинската љубов никогаш не исчезнува“ – велат 99-годишниот Лајонел и 100-годишната Елен, кои се заедно 82 години. Прочитајте повеќе.
Кристијан Лобутин 20 години создава обувки кои ги красат женските нозе и за да ја одбележи својата годишнина, тој креираше јубилејна колекција. Погледнете ја тука.
Мадона вети и приреди голем спектакл на полувремето на Супер Боул натпреварот. 53-годишната пејачка со енергична изведба покажа зошто е нарекувана кралица на поп музиката. Погледнете го видеото од долгонајавуваниот настап.
Телото на Романката Јоана Шпангенберг изгледа како вистински песочен часовник. Преслабата Јоана е висока 167,5 сантиметри, а тежи само 38 килограми, иако тврди дека јаде трипати дневно. Прочитајте повеќе.
Енфеј Као од Тајван одлучила својата омилена бајка од детството да ја претвори во вистинско уметничко дело кое ќе го носи засекогаш на својот грб. 27-годишната обожавателка на бајката за Снежана и седумте џуџиња си ги истетовирала сите ликови од омилениот цртан филм.