„Мајка ми скрши пршлен, куферот го заборавивме во авион, децата немаше на кој да ги оставиме“: Маја Кикириткова за патувањето на Ибица
Маја Кикириткова ужива во Ибица.
Македонската дизајнерка со сопругот Александар деновиве си дозволија малку време за себе, далеку од секојдневните обврски. Маја сподели фотографии од одморот на Instagram и раскажа дека патувањето за малку воопшто немало да се случи. Таа сподели дека во последен момент се соочиле со низа непредвидени ситуации.
„Ова ми беше и повеќе од потребно, а за малку и да не дојдеме. Во последен момент милион перипетии, децата немаше на кој да ги оставиме. Мајка ми скрши пршлен. Многу напорен период имав, ова ми е рестарт, па за 10тина дена пак се фрлам во акција! Авионот за Ибица за 1 минута ќе го пропуштевме. Од брзање, куферот го заборавивме во авион. Таква ми е кармата. Ама на крај тоа што силно го посакуваш, секогаш е тука со тебе“ – напиша таа.
На дел од фотографиите, Маја ужива во бикини на песочна плажа и во базен, а на друг дел во вечерно издание за излегување.
„Фала ти животе за овие убавини!“ – напиша таа.
„Само едно не ми е јасно, што сум чекала 40 години за да дојдам на Ибица“ – стои во нејзиниот пост од вечерното излегување.