• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

По 17 години борба со неплодност, Силвија Недељковиќ и Саша Стаменковиќ добија близначиња: „Мал Божји дар“

22 септември 2026, 11:10
  • cподели

По 17 години борба со неплодноста и бројни обиди да станат родители, Силвија Недељковиќ и Саша Стаменковиќ конечно го дочекаа својот најсреќен ден и добија близначиња.

42-годишната српска пејачка се породи вчера во болницата „Народни фронт“ во Белград и на свет донесе две бебиња, момче и девојче. Породувањето било извршено со царски рез, а според информациите, мајката и бебињата се добри.

Среќната мајка денес првпат се огласи по породувањето и сподели анимација во која штркови носат две бебиња – едно во сина, а другото во розова колевка.

„21.9. Бошко и Сташа. Слава на Бога“ – напиша Силвија во описот на TikTok видеото.

Со објавата таа ги откри и имињата на близнаците, кои имаат посебна симболика за семејството – Бошко и Сташа.

@silvija.nedeljkovic

21.9. Bosko i Stasa Slava Bogu 🙏🏻🩵🩷

♬ izvorni zvuk - Silvija Nedeljkovic

За името на синот, Силвија претходно имаше откриено дека одлуката е веќе донесена. Бошко го носи името на дедото на Саша.

„За момчето знаеме сигурно дека ќе биде по неговиот дедо, Бошко, така што стигнува еден мал Божји дар“ – изјави таа додека ја очекуваше приновата.

Името Бошко е поврзано со словенската традиција и со имињата Божидар и Божо, а во народното толкување се поврзува со значењето „Божји дар“.

За девојчето, Силвија претходно не сакаше да донесе конечна одлука, бидејќи сакала прво да ја види ќеркичката, а потоа да почувствува кое име најмногу ќе ѝ прилега.

Патот до родителството за Силвија и Саша траеше цели 17 години. Пејачката во повеќе наврати отворено зборуваше за тешкотиите низ кои минувала, бројните обиди за вонтелесно оплодување и спонтаниот абортус кој го доживеала пред неколку години.

Во тие моменти на очај, токму љубовта на Саша била нејзината најголема сила. Неговите зборови ја трогнаа јавноста низ регионот:

„Мислам дека најважна е поддршката. Таа ми велеше: ‘Некогаш бев толку исфрустрирана што мислев дека нема да успеам, дека нема да бидам мајка... дека можеби треба да ме пушти да продолжам понатаму’. Па, јас не би заминал ни никогаш да не ми роди дете“ – изјави фудбалскиот голман по веста за бременоста.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Berane online (@beraneonline)

Силвија со години отворено зборува за борбата со неплодноста за да им даде сила на жените и паровите кои минуваат низ истата болка.

„Тешко е кога одиш на инвитро, тешко е кога губиш бебе, тешко е кога се вратиш од тоа. Но, верата ме врати на вистинскиот пат. Сакам да им кажам на жените никогаш да не се откажуваат. Додека сме живи и здрави, тоа е возможно. И кога прогнозите на докторите се никакви, се случува чудо. Конкретно мене ми се случи чудо“ – рече Силвија за Блиц.

Tags
Силвија Недељковиќ
Саша Стаменковиќ

Најнови

  • По 17 години борба со неплодност, Силвија Недељковиќ и Саша Стаменковиќ добија близначиња: „Мал Божји дар“

    Tue, 09/22/2026 - 11:10
  • „Ќе те сакам секогаш, таму горе, тука долу“: Бившата девојка на синот на Синди Крафорд скршена по неговата прерана смрт

    Tue, 09/22/2026 - 10:46
  • „Мајко моја, дојдов кај твојот вечен дом да ти честитам роденден“: Бојан Илиевски емотивен на роденденот на покојната мајка

    Tue, 09/22/2026 - 09:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.