„Не би ја оставил и никогаш да не ми роди дете“: По 17 години борба со неплодност Силвија Недељковиќ и Саша Стаменковиќ чекаат близнаци
По 17 години љубов, надеж и тешка борба со неплодноста, Силвија Недељковиќ и Саша Стаменковиќ конечно ја дочекаа најголемата среќа.
42-годишната српска пејачка и 41-годишниот фудбалски голман наскоро ќе станат родители на близнаци – момче и девојче.
Парот ги откри половите на неродените деца со емотивно видео во кое Саша шутира топки на фудбалски терен.
Приказната на Силвија и Саша со години била исполнета со болни разочарувања, вонтелесни оплодувања, солзи и моменти кога изгледало дека сонот за дете никогаш нема да им се оствари. Но, и покрај сè, вљубените партнери не се откажале еден од друг.
Сепак, најтешкиот период за идната мајка бил кога пред две години доживеала спонтан абортус откако останала бремена по природен пат.
„Тоа ми беше најтешкиот период во животот. Посакувам да можам да го заборавам тој период, но не можам. Ми поминуваа секакви мисли низ главата, дури и да си заминам и да го пуштам Саша да биде слободен“ – признала таа со силни емоции.
Во тие моменти на очај, токму љубовта на Саша била нејзината најголема сила.
Неговите зборови ја трогнаа јавноста низ регионот:
„Мислам дека најважна е поддршката. Таа ми велеше: ‘Некогаш бев толку исфрустрирана што мислев дека нема да успеам, дека нема да бидам мајка... дека можеби треба да ме пушти да продолжам понатаму’. Па, јас не би заминал ни никогаш да не ми роди дете“ – изјавил Саша.
Силвија со години отворено зборува за борбата со неплодноста за да им даде сила на жените и паровите кои минуваат низ истата болка.
„Тешко е кога одиш на инвитро, тешко е кога губиш бебе, тешко е кога се вратиш од тоа. Но, верата ме врати на вистинскиот пат. Сакам да им кажам на жените никогаш да не се откажуваат. Додека сме живи и здрави, тоа е возможно. И кога прогнозите на докторите се никакви, се случува чудо. Конкретно мене ми се случи чудо“ – рече Силвија за Блиц.