• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Таткото на Меган Маркл под истрага за детска порнографија, таа знаела и вели: Ги чував децата подалеку од него за да ги заштитам

26 октомври 2026, 12:14
  • cподели

Таткото на Меган Маркл е под истрага на филипинските власти по пријава дека во неговиот поранешен дом биле пронајдени стотици, можеби и илјадници фотографии и видеоматеријали со сексуална злоупотреба на деца. 

Материјалите кои наводно ги поседувал Томас Маркл Сениор биле пронајдени од неговиот син, кој ги пријавил во полиција, а за случајот бил известен и американскиот ФБИ.

Синот пронашол 4 големи кутии со електронски уреди, стари телефони и хард-дискови во домот на татко му во Себу, Филипини. Тој тврди дека меѓу семејните спомени и други предмети имало и вознемирувачки фотографии и видеа со девојчиња не повозрасни од 10-11 години. Пронајдените материјали треба да бидат подложени на детална форензичка анализа за да се утврди нивната содржина и потеклото.

Филипинскиот министер за внатрешни работи, Џонвик Ремуља, изјави дека сите индиции укажуваат на можноста Томас да е „сексуален престапник од најодвратен вид“.

82-годишниот Томас ги негираше обвинувањата. Во изјава за „Daily Mail“, тој признал дека плаќал за секс додека престојувал во Азија, но дека никогаш немал односи со малолетнички.

По објавувањето на веста, Меган Маркл сподели дека е длабоко вознемирена. Војвотката од Сасекс откри и дека непосредно по свадбата со принцот Хари, добила писмо со сериозни обвинувања и токму затоа била решена нејзините деца никогаш да не бидат во контакт со татко ѝ.

Британскиот таблоид „The Sun“ објави дека писмо напишала поранешната сопруга на Томас, Розлин Лавлес. Во него се тврдело дека во една прилика го соочила со обвинување за сексуална злоупотреба на деца, кое тој го негирал, но притоа наводно ѝ дал вознемирувачко објаснување за своите патувања во Азија.

„Го прашав Томас за обвинувањето. Тој го негираше, но изјави дека патува на Филипините и во Тајланд бидејќи таму е легално да се има сексуален однос со 12-годишни деца“, напишала Розлин во писмото, според „The Sun“.

Информациите биле проследени до тимот на војводата и војвотката од Сасекс, но британската полиција не започнала истрага, бидејќи тие се однесувале на настани надвор од нејзината надлежност.

Меган се огласи преку соопштение:

„Длабоко сум вознемирена од вестите кои излегоа на виделина во последните 24 часа, а моите мисли се со сите деца кои можеби биле повредени.

Во 2018 година, до Метрополитенската полиција и службата за кралска заштита било испратено писмо. Тоа писмо подоцна беше споделено со мене.

Во него имаше вознемирувачки и загрижувачки наводи против татко ми, а мене ме уверија дека тие се истражуваат.

Се надевам дека сега ќе се разбере дека, и покрај искривувањата во одредени медиумски објави низ годините, причината за моето оддалечување од татко ми и за мојата одлука да не му дозволам контакт со нашите деца беше само една: да ги заштитам.

Имав доверба дека надлежните органи го прават истото и за другите семејства.

Иако обемот на она коешто сега излезе на виделина е повознемирувачки отколку што некој би можел да замисли, мојата најискрена надеж е дека правдата ќе биде целосно задоволена и дека приоритет ќе останат безбедноста и заштитата на невините деца“ – стои во изјавата на Меган.

Истрагата на Филипините продолжува, а форензичката анализа на пронајдените материјали треба да утврди дали постојат докази за кривично дело.

Меган со години беше жестоко напаѓана затоа што не му дозволуваше на татко ѝ да ги запознае нејзините деца и прекрати каков било контакт со него. 

Tags
Меган Маркл
Томас Маркл

Најнови

  • dm bring your best friend

    Два викенда, повеќе од 130 учеснички: dm bring your best friend ги обедини женското здравје и пријателството во Маврово

    Mon, 10/26/2026 - 14:55
  • Велина Стаменковиќ

    Прозборела со македонска песна, хуманоста ѝ е секојдневие: 16-годишната Велина од Врање го освојува Балканот со својот глас

    Mon, 10/26/2026 - 14:15
  • Таткото на Меган Маркл под истрага за детска порнографија, таа знаела и вели: Ги чував децата подалеку од него за да ги заштитам

    Mon, 10/26/2026 - 12:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.