Македонија привремено го стопира вакцинирањето на новороденчињата со БСЖ вакцина против туберкулоза, откако во Хрватска беше прекината примената на вакцината од истиот производител по четири пријави за сомнеж за остеомиелитис, ретка инфекција на коските.