• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слободно време

Неработни денови и празници за 2027 година

5 октомври 2026, 09:00
  • cподели
Неработни денови и празници во 2027 година

Обожавате однапред да си ја планирате годината со одмори и патувања? Време е да започнете да ги кроите авантурите за следната година.

2027 година ќе ја пречекаме со продолжен викенд, а уште неколку празници ќе ни дадат можност да го продолжиме викенд уживањето.

Погледнете кои се неработни денови и празници во 2027 и зачувајте си ги датумите за сè она што веќе стои во вашиот планер.

Неработни денови и празници во 2027 година

(Забелешка - Неработните денови одбележани со задебелени букви всушност се и продолжени викенди за сите граѓани.)

За сите граѓани:

  • 1 јануари (петок), Нова година.
  • 7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар.
  • 9 март (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
  • 1 мај (сабота), Ден на трудот.
  • 3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.
  • 24 мај (понеделник), „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители.
  • 2 август (понеделник), Ден на Републиката.
  • 8 септември (среда), Ден на независноста.
  • 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание.
  • 23 октомври (сабота), Ден на македонската револуционерна борба.
  • 8 декември (среда), „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ.
  • 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици).
  • 30 април (петок), Велики петок.
  • 18 јуни (петок), петок пред Духовден.
  • 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:

  • 29 март (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден.
  • 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци.
  • 25 декември (сабота), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

  • 16 мај (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница:

  • 22 ноември (понеделник), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница:

  • 27 јануари (среда), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница:

  • 8 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница:

  • 23 мај (недела), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница:

  • 11 октомври (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница:

  • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.
Tags
неработни денови
празници

Најнови

  • Лазарови

    Балони, мечиња и многу љубов: Стефан и Марта го донесоа малиот Лука во нивниот нов дом

    Mon, 10/05/2026 - 20:20
  • Д-р Дејан Докиќ: Бактеријата пневмокок во Финска покажува само 5% отпорност на антибиотици, а кај нас дури 60%

    Mon, 10/05/2026 - 19:22
  • Маж со неверојатни рефлекси спаси 5-годишно момче кое падна од балкон во Египет, камерите снимија сè

    Mon, 10/05/2026 - 14:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.