• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

17-годишен ученик од Крагуевац пукаше со пушка во училиштето, рани вработена, а нападот го најавил онлајн

24 ноември 2026, 12:41
  • cподели

Утрово во Првата техничка школа во Крагуевац, Србија, 17-годишен ученик од четврта година влегол вооружен со малокалибарска пушка и пукал, при што ранил една вработена во школото. По пукањето, ученикот се обидел да избега, но бил совладан и уапсен од полициски службеник.

По инцидентот, во јавноста се појавија вознемирувачки детали за неговите активности на социјалните мрежи. Според информациите кои ги објави српскиот „Курир“, тинејџерот само неколку минути пред пукањето објавил фотографии и пораки кои наводно укажувале дека подготвува насилен инцидент.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Direktno.rs (@direktno.rs)

Како што пренесува медиумот, ученикот на Viber објавил фотографија со датумот 24 ноември, а на Инстаграм објавил фотографија на која е маскиран, држи пушка, а за појасот има закачено и нож. Наводно, фотографиите биле објавени непосредно пред да замине во училиштето.

Момчето на својот TikTok профил објавило и фотографија од училиштето, придружена со навредлив графит на англиски јазик.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Regionalna informativna novinska agencija (RINA) (@_rina.rs)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ВЕСТИ ПОД ЛУПОМ 🗞️ (@lupa.vesti_0.0)

Според наводите на медиумите, ученикот утрото се упатил кон училницата со намера да пука во друг ученик со кого претходно имал несогласувања. Меѓутоа, две вработени во училиштето го забележале додека се движел со оружјето.

Тој испукал еден куршум, а кога се обидел повторно да пука, наводно му се заглавил куршумот. Потоа се обидел да избега, но бил запрен од полициски службеник.

Директорот на Првата техничка школа, Немања Јоксимовиќ, изјавил дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда и потврдил дека повредената колешка не е во животна опасност.

Тој посочи дека ученикот претходно не бил проблематичен и дека инцидентот се случил за време на првиот час, па за среќа учениците биле во училниците.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kurir.rs (@kurir.rs)

Според првичните информации, постои сомнение дека малолетникот ја зел пушката од својот татко. Истрагата треба да ги утврди сите околности на пукањето, како и начинот на кој оружјето му било достапно.

Најнови

  • 17-годишен ученик од Крагуевац пукаше со пушка во училиштето, рани вработена, а нападот го најавил онлајн

    Tue, 11/24/2026 - 12:41
  • Ноќно крстарење по Сена, палење на сијаличките на Шанзелизе: Лила Филиповска на патување во Париз

    Tue, 11/24/2026 - 11:22
  • Позитивна еко-енергија: Викендов исчистена околината на Водно и засадено ново зеленило

    Tue, 11/24/2026 - 11:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.