Ноќно крстарење по Сена, палење на сијаличките на Шанзелизе: Лила Филиповска на патување во Париз
Лила Филиповска деновиве престојува во Париз, каде веќе завладеа празнична атмосфера.
Македонската водителка сподели видеа и фотографии од авантурата со француската метропола. Таа позираше пред Ајфеловата кула, уживаше во ноќно крстарење на Сена и сведочеше на традиционалното палење на божиќните светилки на Шанзелизе.
55-годишната телевизиска ѕвезда на Instagram напиша: „Некои градови ги посетуваш. Париз едноставно го доживуваш. И така веќе три пати и секогаш сакаш повторно. ✨“
Лила со пријателките го посети и најфотографираниот излог на Диор во Париз.
Во неодамнешно интервју за Фемина, Лила зборуваше за борбата со ракот на дојка. Таа изјави:
„Не секоја бура доаѓа да ти направи хаос, некоја доаѓа да ти го расчисти патот! Така и јас го доживеав сето тоа што ми се случи. Третиот ден по операцијата јас веќе шетав низ Истанбул со другарка ми, со дренови ставени во џебовите од капутот, бидејќи беше зима. Периодот беше пред Нова година, па таа предновогодишна атмосфера многу позитивно влијаеше на моето добро расположение!“