• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Gorenje ја претставува NEO серијата – нов стандард во безжичното чистење

1 октомври 2026, 14:05
  • cподели

Gorenje, водечки европски бренд за апарати за домаќинство со повеќе од седум децении традиција во дизајн и инженерство, ја претставува NEO серијата, нова стратешка платформа на безжични правосмукалки. Дизајнирана за суво и влажно чистење, Gorenje NEO серијата комбинира високи перформанси со минималистички дизајн ориентиран кон корисникот, со цел дополнително да ги поедностави домашните обврски. Со ова лансирање, Gorenje го проширува своето портфолио во категоријата мали апарати за домаќинство, останувајќи верен на својата мисија да создава технологија која е интуитивна и лесно достапна за секого.

Современите домови значително се променија. Семејствата водат побрз начин на живот, просторот во домот е сè пофункционален, а свесноста за хигиената никогаш не била поголема. Чистењето повеќе не е активност резервирана за еднаш неделно – денес се случува секогаш кога е потребно. Со NEO серијата, Gorenje ја редефинира правосмукалката како паметна алатка што е секогаш подготвена за употреба и лесно се вклопува во секојдневниот живот.

NEO портфолио

За да одговори на различните потреби на корисниците, Gorenje разви комплетно семејство безжични правосмукалки со препознатлив дизајн и додатоци што можат да се комбинираат меѓу моделите.

  • NEOEXPERT – Водечкиот модел без компромиси. Опремен е со две отстранливи батерии кои овозможуваат до 120 минути непрекинато чистење, InverterPower мотор со моќ на вшмукување до 190 AW и станица за полнење со функција за автоматско празнење и самочистење. LED екранот го прикажува преостанатото време на работа, нивото на прашина и известувањата за одржување. Моделот доаѓа со богат сет четки, вклучувајќи пена-четка, четка против заплеткување влакна и додаток за нега на миленици. Мултициклонската HEPA13 филтрација обезбедува чист воздух, додека LED осветлувањето на четката ја открива и најскриената нечистотија.
  • NEOMASTER – Врвни перформанси по паметна цена. Со моќ на вшмукување до 190 AW, четка за миленици и екстра долго флексибилно црево, NEOMASTER овозможува до 60 минути непрекинато чистење. Сензорот за прашина интегриран во LED дисплејот автоматски ја прилагодува моќноста на вшмукување. Во пакетот е вклучен и ѕиден држач со простор за додатоците.
  • NEODEEP – Специјалист за домови со тврди подови. Меката ролер-четка од пена е идеална за паркет и плочки без ризик од гребење, додека четката против заплеткување ефикасно собира долги влакна и коса. Паметниот LED дисплеј и сензорот за прашина ја оптимизираат работата, а меѓу додатоците се наоѓаат сет за нега на миленици и четка за текстил. Батеријата е отстранлива и лесна за замена.
  • NEOFLOW – Совршен баланс помеѓу перформанси и разновидност. Опремен со мотор од 350 W и моќ на вшмукување до 120 AW, NEOFLOW користи мултициклонска HEPA13 филтрација за постојана сила на вшмукување. LED дисплејот информира за преостанатото време на работа, а универзалната четка против заплеткување спречува собирање влакна. Во пакетот е вклучена и мини турбо четка за мебел и постелнина.
  • NEOESSENTIAL – Достапен модел за секој дом. Наменет за помали домаќинства, студентски станови или како дополнителна правосмукалка, NEOESSENTIAL нуди моќ на вшмукување од 60 AW и едноставни контроли со LED индикатор за батерија. Сунѓерестиот филтер и едноциклонскиот систем за сепарација на прашината овозможуваат лесно одржување, додека основната универзална четка е погодна за тврди подови и теписи со низок влакнест слој.
  • NEOCLEAN – Модел кој комбинира правосмукалка и џогер во еден уред. Благодарение на дизајнот што се поставува под агол од 180 степени, лесно достигнува под низок мебел и тешко достапни места. Двојниот резервоар ги одделува чистата и нечистата вода, додека технологијата за самочистење и системот против заплеткување значително го намалуваат потребното одржување. LED индикаторите го прикажуваат нивото на батерија и вода, а автономијата до 30 минути го прави идеален избор за домаќинства со деца и домашни миленици.

Сите Gorenje NEO модели за суво чистење располагаат со моќен InverterPower мотор за енергетски ефикасна и сигурна работа, додека мултициклонската сепарација на прашина и HEPA13 филтрацијата обезбедуваат висок квалитет на воздухот. LED осветлувањето на четките ја открива скриената нечистотија, а Active Brush Bumper ги штити мебелот и ѕидовите. Богатиот сет додатоци овозможува чистење на сите површини – од подови и тапациран мебел до деликатни материјали и тешко достапни агли. Отстранливите батерии обезбедуваат подолго и пофлексибилно користење, додека сензорите за прашина и паметните дисплеи обезбедуваат информации во реално време за состојбата на подот, нивото на батеријата и потребното одржување.

Создадени за современиот начин на живот

Но, надвор од техничките спецификации, Gorenje NEO серијата е олицетворение на филозофијата Life Simplified. Променетите животни навики – од работа од дома и грижа за миленици до зголемена свесност за алергиите – бараат алатки што се приспособуваат на корисниците. Со комплетна палета модели, од премиум до основни решенија, Gorenje има цел да понуди соодветна правосмукалка за секое домаќинство.

NEO серијата има двегодишна гаранција и е достапна на веб-страницата на mk.gorenje.com или преку продажната мрежа на Gorenje.

За Gorenje 

Основан во 1950 година и со седиште во Велење, Словенија, Gorenje е еден од водечките европски производители на апарати за домаќинство. Компанијата дизајнира и произведува фрижидери, рерни, машини за перење и мали апарати кои комбинираат современ дизајн со практични функции за секојдневна употреба. Производите на Gorenje се продаваат во повеќе од 90 земји ширум светот, а нивната основна цел е да го поедностават секојдневниот живот преку сигурни и иновативни решенија кои ги отсликуваат европскиот квалитет и вредности.

Најнови

  • Gorenje ја претставува NEO серијата – нов стандард во безжичното чистење

    Thu, 10/01/2026 - 14:05
  • Од 149 денари до комплетен есенски изглед: Погледнете што може да најдете во dm

    Thu, 10/01/2026 - 13:45
  • ВИДЕО: Дечиња пуштија златни балони во Скопје за поддршка на најмалите пациенти болни од рак

    Thu, 10/01/2026 - 13:37
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.