Среќата во новиот дом на Стефан Лазаров и Марта доби име – Лука.
Откако на 1 октомври го доби своето прво дете, парот сподели низа емотивни мигови од првите денови со синчето и заминувањето од болница до неговото пристигнување во семејниот дом.
Со широка насмевка, Стефан пристигна да ги земе сопругата и новородениот син, а моментот кога заедно се упатија кон дома го овековечи со кратка порака која кажува многу: „Победив“.
За нивното пристигнување беше подготвена топла атмосфера со балони, мечиња и торта, со кои беше одбележано доаѓањето на најмалиот член на семејството.
Марта сподели и емотивна трансформација од болничката соба. Во првите секунди од видеото, таа позира со трудничкото стомаче, а потоа следува кадар во кој Лука веќе е безбедно сместен во прегратките на мама.
Новите родители споделија и дел од првите мигови со бебенцето во нивниот дом. На една од фотографиите, Лука спокојно спие во своето бебешко гнездо.
Особено симпатичен беше моментот меѓу таткото и синот. Држејќи го Лука во рацете, Стефан танцуваше со него додека во позадина се слушаше „Јас имам некој“ од Слаткаристика. Токму овие мали сцени сега го исполнуваат секојдневието на парот, кој неодамна се всели и во нов стан, па практично истовремено започна две големи животни поглавја.
Лазаров ја објави радосната вест за раѓањето на Лука на 1 октомври, со фотографија од ноџето на новороденчето.
„Денес добивме син... Марта ти благодарам за најубавиот подарок што може еден маж да го добие. Добредојде Лука Лазаров“, напиша тогаш тој.