• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Ја зедоа од домот на Широк Сокак, сопругот со другарите ѝ приреди танц на „Магија“: Битолчанката Катерина за свадбата

6 октомври 2026, 10:20
  • cподели

Традиционална битолска свадба, невеста која од домот на култниот Широк Сокак тргнува со музика, сватови и едно неочекувано изненадување кое никој од гостите не го очекувал. 

Катерина Саботиновска Илијовска и Ристе Илијовски од Битола го крунисаа својот брак со свадбена прослава која долго ќе ја паметат.

Нивната љубовна приказна започнала во родниот град, на едно од омилените места за излегување на битолчани.

„Нашето запознавање беше во еден од познатите битолски кафичи – ‘Камарите’, каде што не пропуштавме ниеден викенд, а да не излеземе. Двајцата сакаме музика, па затоа бевме редовни на свирките во локалот“ - откри 31-годишната банкарка за Фемина.

За девојката која е порасната во куќата во која како кираџија живеел и творел првиот македонски снимател Милтон Манаки, Широк Сокак не е само симбол на Битола, туку има посебно значење како дел од нејзиниот личен живот, а и како дел од нејзиниот специјален ден.

„Денот на свадбата беше возбудлив, разбудени од зори, со подготовки. Немаше паника, немаше стресови. Двајцата бевме опуштени и расположени, опкружени со другари и другарки.

Широк Сокак е срцето на Битола, душата на градот, улица во која градот не само што живее, туку и раскажува. Да се биде невеста од Широк Сокак не е само да се облече венчаницата и да се тргне кон новиот живот. Тоа е да се биде дел од приказната на една улица која со децении ги памети битолските љубови, средби, прошетки и незаборавни моменти.

Од тоа што знаеме, досега никој освен нас не тргнал пеш по Широк Сокак кон црква на венчавање, заедно со сватови, пријатели, роднини, придружувани од музика – па токму затоа овој момент беше посебен и несекојдневен“ - раскажа Илијовска.

Во тој период во Битола се одржуваше и филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, па свадбеното дефиле по најпознатата битолска улица го проследиле и бројни гости на градот, меѓу кои и странски посетители, кои биле навистина одушевени од таквата глетка.

Но, вистинското изненадување за невестата следувало подоцна, за време на свадбената прослава.

Ристе и неговите другари специјално за Катерина танцуваа на песната „Магија“. Тие тајно ја подготвувале кореографијата неколку дена пред големиот ден.

„Песната и танцот дојдоа спонтано, со малку напори, но истрајно ја спремивме кореографијата. Тие неколку дена ѝ кажував дека ќе излегувам со другарите да се подружиме пред свадбата, а реалноста беше тоа дека во едно од студијата за танци, во сопственост на мој другар, ние скришно ја спремавме точката“ - раскажа 32-годишниот поранешен фудбалер.

Катерина не се посомневала дека зад сето тоа се крие изненадување.

„Јас до последен момент воопшто не очекував ваква изведба која во целост ме збуни и остави без зборови. Моментот беше после вечерата, па така опуштено јас разговарав со другарките, кои беа на мисија да ме држат дефокусирана, додека момците во средина на салата се подготвуваа за изведба“ - вели таа.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Веселиот танц на младоженецот и неговите другари набрзо стана еден од најсподелуваните објави од нивната свадба.

„Најубавите моменти во животот се оние што не се купуваат, туку се чувствуваат“ - додаде битолската невеста и им се заблагодари на сите присутни кои им го направиле нивниот посебен ден најубав.

Даница Караташова Илиоска /  Femina.mk

Најнови

  • Ја зедоа од домот на Широк Сокак, сопругот со другарите ѝ приреди танц на „Магија“: Битолчанката Катерина за свадбата

    Tue, 10/06/2026 - 10:20
  • „Мајка ми имаше поголема трема од мене“: Тамара Волческа за „Ѕвездите на Гранд“, следниот круг и желбата за финале

    Tue, 10/06/2026 - 10:09
  • Сред базен, со торта и чад во боја... Блогерката Јована Трајковска со саканиот го открија полот на нероденото бебенце

    Tue, 10/06/2026 - 08:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.