Почетна » Семејство » Бременост » 7 погрешни тврдења за (не)плодноста кои треба да ги игнорирате

7 погрешни тврдења за (не)плодноста кои треба да ги игнорирате

Кога се обидувате да зачнете, секој има совет за вас. „Многу си напната, треба малку да се опуштиш и веднаш ќе забремениш“, „Биди трпелива, што е твое ќе си дојде“, „Млада си за да зборуваш за неплодност“... Ако сте дел од паровите кои со месеци или години водат битка за да добијат свое дете, сигурно повеќепати сте ги слушнале овие тврдења.

Темите „плодност“ и „неплодност“ се обвиени со многубројни митови кои често водат до заблуди кај паровите кои се трудат да си го исполнат сонот за свое потомство. Еве ги најчестите од нив, кои дефинитивно треба да ги игнорирате ако ги слушнете:

Жена

„Неплодноста е само женски проблем.“

Многу парови кога ќе се соочат со проблеми при зачнувањето на бебе, веднаш започнуваат да слушаат дека дефинитивно причината е жената. Но, тоа може потполно да биде погрешно, бидејќи фактите говорат дека околу 40% од случаите на стерилитет се последица на проблем кај жената, но исто толку случаи се поврзани со проблем кај машката страна. Кај околу 20% од случаите, причината за неплодноста се и двајцата партнери.

Доколку имате проблеми при обидите за зачнување, потребно е и вие и вашиот партнер да направите испитувања, без да дозволувате да ве посочуваат за „кривец“.

„Веќе роди едно дете. Значи не си неплодна.“

Немојте да мислите дека ако сте родиле едно или неколку деца сте имуни на неплодност. Таа може да нападне во секое време, на секоја возраст, независно од бројот на деца кои сте ги родиле. Секундарната неплодност или неможност за забременување откако сте родиле едно или повеќе деца е сè почеста појава.

„Млада си. Сигурно веднаш ќе забремениш, неплодноста се јавува кај постарите парови.“

Годините се можеби најважниот фактор кој влијае врз плодноста, но таа зависи и од други здравствени состојби кои можат да се појават на секоја возраст. Синдромот на полицистични јајници и ендометриозата не прашуваат дали жената има 18, 20 или 30 години пред да ја нарушат работата на репродуктивните органи. Никој не може да гарантира дека забременувањето во 20-тите години од животот ќе оди како подмачкано. Неплодноста може да се случи на секоја возраст.

„Остави ги докторите. Опушти се. Ќе видиш дека веднаш ќе забремениш.“

На жените кои долго време се обидуваат да забременат добро им е познат советот „Опушти се. Најважно е да размислуваш позитивно“ или „Напната си затоа не можеш да забремениш“. За жал, колку и да е добронамерен или утешувачки овој совет, тој не „држи вода“. Неплодноста не е ментален проблем, туку проблем со репродуктивните органи за кој е потребна медицинска помош, а не одмор во Грција или релаксација на планина.

Иако стресот може да влијае на нормалната овулација на жената или да го намали бројот на сперматозоиди кај мажите, тој не може да доведе до неплодност.

„Нема ништо комплицирано во забременувањето. Лесно е!“

Да, точно е дека најголем дел од жените зачнуваат без никакви проблеми, но бидете уверени дека не се ретки оние кои се соочуваат со неплодност. На светско ниво се смета дека инциденцата на инфертилитет е од 10 до 16%, а во Р. Македонија се смета дека секој ШЕСТИ пар има проблеми со неплодноста.

„Трпение-спасение!“

Убаво е кога луѓето ве тешат дека нема место за паника и по повеќе од една година помината во неуспешни обиди за забременување и дека сè што треба да направите е да бидете трпеливи, па дека „Што е ваше, ќе си дојде“. Но, секогаш треба да земете предвид дека можеби причината за тоа е во вашиот репродуктивен систем, а не во вашето трпение.

Доколку неуспешно се обидувате да забремените повеќе од една година, можеби е време да се консултирате со специјалист. Инфертилитетот е проблем кој најчесто бара соодветна медицинска помош, а не време.

Жена и докторка

„Штом залудно се обидувате со месеци, мора да има некаков проблем со плодноста.“

Вистинскиот одговор е „Не мора да значи“. Неколкумесечните неуспешни обиди за зачнување не се сигнал дека треба да го вклучите алармот за паника. Всушност и најздравите парови имаат само 20% шанса да зачнат во текот на првиот месец. Процентот се зголемува на 70 во периодот од 6 месеци, па до 85% во текот на една година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8877 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.