Џеди Осман имаше силна поддршка на Евробаскет 2025 кој траеше до вчера. Неговата сопруга, турската актерка Ебру Шахин, постојано го бодреше од трибините.



30-годишниот турски кошаркар, кој е роден и направи свадба во Охрид, со репрезентацијата на Република Турција стигна до финалето на кошаркарскиот турнир, но за жал, доживеа пораз од репрезентацијата на Германија.
По крајот на натпреварот, Џеди се фрли во прегратката на својата сакана, која го гледаше со солзи во очите, знаејќи дека тој го остави срцето на терен желен за победа.






31-годишната Турчинка, која ја имаше улогата на Рејан во серијата „Дива“, присуствуваше на секој натпревар на Турција, а фотографии од среќниот пар постојано се редеа на социјалните мрежи.



Во 2022 година, успешниот НБА кошаркар стапи во брак со Ебру во Охрид, местото каде што тој е роден. Од нивните објави на Instagram се гледа дека тие се многу среќни заедно.





