Почетна » Новости » Актуелно » „Ни овозможивте детство што мириса на отров“: 12-годишната Евгенија со моќна порака по пожарите во Скопје

„Ни овозможивте детство што мириса на отров“: 12-годишната Евгенија со моќна порака по пожарите во Скопје

Деновиве, скопјани се соочуваат со загаден воздух и еколошка катастрофа поради пожарите во депониите.

Голем број од нив со очајни пораки се обидуваат да ја подигнат свеста за последиците од загадувањето и да им го насочат вниманието на политичарите кон мерките кои итно треба да се преземат.

И децата не останаа рамнодушни на оваа ситуација. 12-годишната танчерка Евгенија Кочоска исто така го крена својот глас преку социјалните мрежи со тажна порака која сите треба да нè замисли.

Евгенија Кочоска Евгенија Кочоска

„Од сите деца на кои им ги прекршивте основните детски права!...“ - стои во описот на моќното видео, во кое Евгенија држи натписи на кои пишува:

Jaс сум само дете. Сакам да дишам! Сакам спорт, а мириса на СМРТ.

Ние децата не сме виновни – вие сте! Сакам да растам покрај баба и дедо, а моите велат дека овде веќе нема живот... Што е потребно за да се освестите? Ни овозможивте детство што мириса на отров.

Ова не е политика! Вие возрасните зборувате за партии и избори, а ние децата немаме право на избор – се бориме за живот.

Имавме соништа. Сега и тие се гушат во чад. Зошто никој не застана пред нас да каже: „Ќе ве заштитиме“?

Евгенија и во 2019 година имаше напишано моќна порака, кога, како што вели таа, сè уште имала надеж дека нешто ќе се промени.

Еве ја:

Јас сум Sparkly daughter... Но, моето лице е исто како и лицето на Марија, Ана, Матеј, Дритон, Хана, Енис, Сенада, Вук.
Се прашувам, што ние децата сме згрешиле на возрасните зa да носиме постојано маски и да чекаме да дувне ветар за да излеземе надвор? Зошто мора секое семејство да има инхалатор и прочистувач на воздух? Зошто сме сите бледи и жолти, а мама и тато со темни кругови околу очите како да не спиеле?
Јас сум само дете, кое сака да диши чист воздух.
Да си игра надвор.
Тажна сум зошто ни ги прекршувате основните детски права.
Тажна сум зошто ми е ускратено времето за дружба со другарчињата во парк со животните.
Тажна сум зошто не ве засега ниту кога болниците се полни со нас децата.
Тажна сум што маската е дел од задолжителната зимска и летна опрема.
Тажна сум што дишиме сите ист воздух, ама само ние децата плачеме.
Плачете ли вие барем понекогаш кога ние не можеме да земеме здив кога сме болни, а не смееме да отвориме прозорец зашто надвор е 350 пм.?
Плачете ли кога наместо за кукла, даваме пари за кортико препарати?
Плачевте ли кога бевте деца ако мама и тато не ве пуштеа надвор?
Ние плачеме.
Вратете ни го правото да дишиме чист воздух!

Во изминатите денови пожари имаше во Дрисла, Вардариште и Трубарево. Од Министерството за здравство им препорачаа на жителите во подрачја каде постои ризик од загаден воздух да не излегуваат од дома, да не ги отвораат прозорците и да ја исклучат вентилацијата и климатизациските системи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29002 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.