Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп ѝ предложи брак на Амбер Херд

Џони Деп ѝ предложи брак на Амбер Херд

Очигледно гласините се вистинити – Џони Деп и Амбер Херд се верија. 50-годишниот актер ја побарал за жена својата 27-годишна девојка.

Џони Деп и Амбер ХердЏони Деп и Амбер Херд

Странските медиуми започнаа да известуваат за нивната свршувачка откако Амбер била фотографирана како се обидува да сокрие прстен на левата рака.

Амбер Херд

Џони и Амбер се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ во 2011 година. Една година подоцна парот се појави за првпат во јавност.

Претходно Деп беше 14 години во врска со Ванеса Паради, со која има две деца, Лили-Роуз Мелоди Деп и Џон „Џек“ Кристофер Деп III. Иако долги години имаа стабилна врска, Џони и Ванеса никогаш не застанаа пред олтар.

Ванеса Паради и Џони ДепВанеса Паради и Џони Деп

Ова не е првпат Џони да има подарено свршенички прстен. Тој беше во брак со Лори Алисон од 1983 до 1985 година. Потоа беше верен и со Џенифер Греј, Шерилин Фен и Винона Рајдер.

Амбер, која не крие дека е бисексуалка, претходно имаше 4–годишна врска со фотографката Тасја ван Ри.

Амбер и поранешната партнерка Тасја Амбер и поранешната партнерка Тасја

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.