Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп обвинет за семејно насилство: Фотографија од Амбер Херд со модринки на лицето

Џони Деп обвинет за семејно насилство: Фотографија од Амбер Херд со модринки на лицето

Разводот на Џони Деп и Амбер Херд станува сè подраматичен.

Амбер побара забрана за приближување и го обвини Деп за семејно насилство, нудејќи како доказ фотографии на кои има модринки на лицето.

Амбер Херд

30-годишната актерка, преку својата адвокатка Саманта Спектор, приложила на суд фотографии од физичкото насилство и тврди дека Деп во неколку наврати бил насилен кон неа.

Според информациите кои протекоа во медиумите, Деп ја удрил со мобилен телефон, а веднаш по нападот ѝ понудил пари за да молчи за инцидентот.

Херд, со која 52-годишниот актер беше во брак 15 месеци, поднесе документи за развод на 23 мај, само три дена откако почина неговата мајка.

Амбер Херд и Џони Деп

Деп и Херд се запознаа за време на снимањето на нивниот филм „The Rum Diary“, но започнаа да се состануваат две години подоцна во јуни 2012 година, кога актерот се раздели со долгогодишната партнерка Ванеса Паради. Во февруари минатата година познатиот пар заплива во брачните води.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10266 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.