Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп се пошегува со својата сопруга и ја изненади до солзи

Џони Деп се пошегува со својата сопруга и ја изненади до солзи

Џони Деп го ангажира тимот од емисијата „Overhaulin’“ за прво да се пошегува со својата сопруга Амбер Херд, а потоа да ја изненади со комплетна трансформација на нејзиниот стар автомобил.

52-годишниот актер заедно со таткото на Амбер договорил автомобилот Ford Mustang од 1968 година да биде земен од нивниот дом и ѝ рекол на 29-годишната актерка дека нејзиното сакано возило е украдено.

Во првото видео, популарната актерка дознава за наводната кражба и разбирливо е бесна, а несериозен „полицаец“ кој постојано ја фотографира ја предизвикува да му покаже среден прст.

На крајот, Херд дознава дека целата приказна е лажна и дека нејзината кола ќе биде целосно трансформирана.

Во меѓувреме, механичари и дизајнери го претворија стариот класичен автомобил во удобно луксузно возило. Во второто видео, Херд не може да ги задржи солзите кога ќе го добие својот „реновиран“ автомобил.

Амбер Херд Амбер Херд и Џони Деп Амбер Херд и Џони Деп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.