Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џони Деп и Амбер Херд стапија во брак

Џони Деп и Амбер Херд стапија во брак

Џони Деп и Амбер Херд си го кажаа судбоносното „Да“ за време на церемонија одржана во домот на познатиот актер во Лос Анџелес.

Џони Деп и Амбер Херд

Веста за склучувањето на бракот меѓу 51-годишната ѕвезда од „Pirates of the Caribbean“ и 28-годишната актерка доаѓа само неколку дена пред нивната свадбена прослава која ќе се одржи на приватниот остров на Деп на Бахамите.

Планирано е главната прослава да се одржи викендов на бахамскиот остров Little Hall’s Pond Cay кој Деп го купи за 3,6 милиони долари во 2004 година. Листата со гости е ограничена на 50 лица, поради малкуте места за сместување на островот. Се шпекулира дека убавата актерка ќе носи венчаница од Стела Мекартни.

Островот на Џони Деп

Деп и Херд се запознаа за време на снимањето на нивниот филм „The Rum Diary“, но започнаа да се состануваат две години подоцна во јуни 2012 година, кога актерот се раздели со долгогодишната партнерка Ванеса Паради. Во јануари минатата година познатиот пар ја објави својата свршувачка.

Деп и ХердДеп и Херд во филмот „The Rum Diary“

Ова е втор брак за Деп кој во 1985 година се разведе од својата прва сопруга Лори Ен Алисон, а прв за згодната Херд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.