Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џеј Ло, Бекам, Енрике, Шакира... Еве како славните го одбележаа Денот на мајката

Џеј Ло, Бекам, Енрике, Шакира... Еве како славните го одбележаа Денот на мајката

Вчера, во САД и во други земји ширум светот се славеше Денот на мајката. Многумина го искористија овој повод за да им се заблагодарат на најважните жени во нивните животи.

Славните личности не пропуштија да го одбележат овој ден и споделија емотивни пораки, фотографии и видеа за своите мајки и сопруги.

Џенифер Лопез

„Да се биде мајка е најголемата радост и среќа. Мојот најголем предизвик и најголем триумф“ - напиша Лопез во описот на фотографии со своите близначиња Еми и Макс.

Лопез сподели видео со порака за својата мајка Гвадалупе.

Нејзиниот вереник Алекс Родригез објави неколку семејни фотографии со Џеј Ло и нивните деца заедно со следната порака: „За мене Денот на мајката е само уште еден потсетник за тоа колку неверојатна е Џенифер со нашите деца, СЕКОЈ ДЕН. И тоа никогаш не било поочигледно отколку во текот на изминатите неколку месеци дома. Гледајќи ја колку прекрасна мајка е на сите наши деца е искуство кое никогаш нема да го заборавам. Ова време дома е предизвик за многумина. Тешкотиите и неизвесноста ги променија нашите погледи кон нештата додека сме во потрага по новото нормално. Но, исто така, на многу начини нè зближи сите како семејства и тоа е вистински благослов.“

Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката

Дејвид и Викторија Бекам

„Среќен Ден на мајката на сите мајки ширум светот. Во вакви времиња на предизвици треба да внимаваме еден на друг и да останеме позитивни“ – напиша Дејвид во описот на семејни фотографии.

Џиџи Хадид

Рајан Рејнолдс

Џон Леџенд и Криси Тиген

Џон сподели фотографии од Криси и нивните две деца. Во неговата порака стои: „Криси, среќен Ден на мајката! Нашите бебиња се среќници што те имаат. Не можам да си ги замислам нашите животи без твојата љубов, креативност и авантуристички дух“.

Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката

Софија Вергара

Вергара прослави заедно со синот Маноло и сопругот Џо Манганиело.

Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката Денот на мајката

Џесика Алба

Шакира

Ева Лонгорија

„Мајка е личност која може да заземе сечие место, но никој не може да го заземе нејзиното. Среќен Ден на мајката“ – пишува Лонгорија во описот на фотографија со мајка си.

Енрике Иглесијас

Бастијан Швајнштајгер

Бастијан сподели фотографија со сопругата Ана Ивановиќ и напиша: „Благословен сум со оваа прекрасна сопруга. Среќен Ден на мајката.“

Бијонсе

„Драга Мама, благодарна сум за секој дел од тебе и секоја секунда споделена со тебе. Ти благодарам што ми даде живот. Немаше да можам да направам толку многу нешта во животот без твоите сила, мудрост и молитви. Мојата најголема цел во животот е моите деца да ја почувствуваат љубовта која ти правиш да ја чувствуваме. Им ја испраќам сета љубов на сите оние на кои им недостигаат нивните мајки ангели“ – пишува Бијонсе.

Денот на мајката

Никол Шерцингер

Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11109 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.