Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија, Џон Траволта, Џулија Робертс... Еве како славните го одбележаа Денот на мајката

Ева Лонгорија, Џон Траволта, Џулија Робертс... Еве како славните го одбележаа Денот на мајката

Во голем број земји низ светот вчера се одбележа Денот на мајката.

Славните личности не пропуштија на социјалните мрежи и во реалноста да им се заблагодарат на нивните мајки, сопруги, ќерки и сестри за нивната пожртвуваност и безусловната љубов.

Ева Лонгорија

47-годишната актерка сподели слатки фотографии со синчето Сантијаго и напиша: „Ти благодарам што ме направи мајка. Среќен Ден на мајките на сите мамички“.

Дејвид и Викторија Бекам

Поранешниот фудбалер со фотографии им го честиташе празникот на сопругата Викторија, на мајка си Џеки и на сестра си Сандра.

Викторија сподели фотографии со децата направени во 2018 година за британскиот „Вог“.

Џенифер Лопез

Џеј Ло и Бен Афлек со старо видео им го честитаа празникот на мајките.

Џулија Робертс

„Среќен Ден на мајките. Да бидеме Мајки кога сакаме, како сакаме и АКО сакаме“ – напиша холивудската ѕвезда.

Џесика Алба

Џон и Ела Траволта

68-годишниот актер со емотивно видео ѝ оддаде почит на неговата покојна сопруга Кели Престон.

„Те сакаме и ни недостигаш Кели. Среќен Ден на мајката“ – напиша тој.

И нивната ќерка Ела не пропушти да го одбележи празникот на мајките.

„Ми недостигаш и те сакам, Мамо“ – напиша таа.

Селин Дион

Славната музичарка сподели ретка фотографија со синовите и напиша дека мислите ѝ се со сите мајки од Украина и од целиот свет кои ги изгубиле своите деца.

Мараја Кери

„Сакајте се себеси уште повеќе денес“ – е дел од пораката на музичката ѕвезда.

Кајли Џенер

Кајли доби огромен број цвеќиња од саканиот Тревис Скот со кого имаат две деца. Пред да го покаже подарокот на Instagram, таа сподели фотографии од ќеркичката Сторми и напиша:

„Тоа што сум млада мајка значи дека те запознав малку порано и ќе можам да те сакам малку подолго“.

Кајли Џенер Кајли Џенер Кајли Џенер

Кендис Сванапул

Ким Кардашијан

Кијара Ферањи

Камила Коељо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.