Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Лопез е нов член на жирито на American Idol

Џенифер Лопез е нов член на жирито на American Idol

За „скромни“ 12 милиони долари, Џенифер Лопез прифатила да биде дел од жирито на American Idol.

„Таа е многу возбудена“ – изјавил близок на Џеј Ло.

Џел ЛоЏел Ло е новиот член на жирито на American Idol

Списанието People ги потврди гласините дека Џеј Ло ќе учествува во 10-тата сезона на една од најгледаните емисии во САД, но сè уште нема официјална потврда ниту од Лопез, ниту од телевизијата Fox.

Пред еден месец за прв пат во јавноста се појавија информации дека Џенифер Лопез ќе биде дел од шоуто, но тогаш не бил склучен договор, наводно поради преголемите барања на 41-годишната пејачка.

Новата сезона можно е да добие целосно ново жири, откако Сајмон Кауел, Елен Деџенерис и Кара Диогварди го напуштија шоуто. Од старите членови на жирито оваа сезона може да остане единствено Ренди Џексон.

Како нови членови уште се споменуваат Стивен Тајлер, Шанаја Твејн и Елтон Џон, но нема официјална потврда за ниту еден од нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11263 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.