Почетна » Новости » Животни стории » „Останавме со празни соби и прекинати соништа“: Татко на девојка која загина во пожарот во Кочани со емотивна исповед

„Останавме со празни соби и прекинати соништа“: Татко на девојка која загина во пожарот во Кочани со емотивна исповед

„62 деца замолкнаа засекогаш.“ Со овие зборови татко од Кочани ја започнува својата емотивна исповед откако во кошмарниот пожар во дискотеката „Пулс“ ја загуби младата ќерка.

Во ноќ што требаше да биде исполнета со музика и смеа, чадот го згасна ритамот на младоста и задуши десетици животи, меѓу кои и оној на Надица Наунова. Текстот на нејзиниот татко Александар Наунов говори за лична тага, но е и громогласен крик за правда.

Надица Наунова

Ова е пораката на родител којшто, како и многу негови сограѓани, останал со празна соба и прашањето „Зошто никој не ги заштити нашите деца?“

62 деца замолкнаа засекогаш

Во една ноќ, полна со музика, смеа и младост, 62 млади животи беа украдени.

Моето дете беше таму… и никогаш не се врати дома.

Го задуши истиот воздух што требаше да му дава живот — јаглерод моноксид, отров што го исполни просторот каде што требаше да има радост.

Тоа не беше судбина. Не беше несреќа.

Беше резултат на немарност, алчност и трул систем кој не ја штити младоста.

Ниту едно дете не треба да плати со живот затоа што некој штедел на безбедност.

Сега останавме ние — родителите со празни соби и прекинати соништа.

Останавме со болка што нема лек.

И со едно прашање што ќе го поставуваме до последниот здив:

Зошто никој не ги заштити нашите деца?

Запомнете ги нивните имиња. Запомнете ја оваа ноќ.

Болката што ја чувствуваме денес — утре може да биде нечии туѓи солзи.

Никој не е безбеден додека молчиме.

Пред еден месец, Александар уште еднаш ѝ посвети текст на прерано починатата ќерка:

Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку ни недостигаш. Твојата насмевка, твојата енергија, твоите соништа – сè уште одекнуваат во секој агол од нашиот живот.

Имаше само 17 години, но во тие 17 години живееше со срце полно со љубов, добрина и светлина. Ни остави безброј спомени кои никогаш нема да избледат. Понекогаш гледаме во небото и се прашуваме што ќе беше денес – но знаеме дека таму каде што си, блескаш како ѕвезда.

Твојот живот не заврши – тој продолжува во нас, во твоите соништа што ќе ги чуваме, во сеќавањата што ќе ги прераскажуваме, и во љубовта што никогаш нема да згасне.

Почивај во мир, мило мое дете. Засекогаш ќе бидеш со нас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28304 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.