Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез објавија дека се верија.
По долги шпекулации дека се свршиле, 40-годишниот фудбалер конечно ја побара за жена својата 31-годишна избраничка. Парот е заедно девет години.
Џорџина сподели фотографија на која го покажува свршеничкиот прстен со огромен дијамант.
„Да. Во овој живот и во сите мои животи“ – напиша таа.


Минатиот месец, Родригез ги поттикна шпекулациите за тајна веридба откако сподели фотографии со друг дијамантски прстен.





Кристијано и Џорџина започнаа да се состануваат во 2016 година и заедно ги имаат ќерките Алана и Бела. Родригез ги има прифатено и неговите три деца како свои.


И покрај тоа што не беа во брак, славниот спортист постојано ја нарекува Џорџина „сопруга“.


