Почетна » Новости » Музика » Андријана Јаневска ѝ даде нова душа на „Каде сте Македончиња“

Андријана Јаневска ѝ даде нова душа на „Каде сте Македончиња“

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува со силен патриотски порив да ги буди сеќавањата, љубовта и достоинството на македонскиот народ.

Овој пат тоа е преку изведбата на Андријана Јаневска на песната „Каде сте Македончиња“, композиција која одамна не е само музика, туку е и симбол на болка, надеж и национална свест.

Во новото аранжманско руво, со допирот на маестро Николче Мицевски, песната добива нова димензија, но ја задржува својата емоционална длабочина и историска тежина.

Создадена од Бранко Ѓорѓиевски, оваа песна ја понесе титулата „химна на децата-бегалци“, посветена на македонските деца кои беа протерани од своите домови за време на воените судири во Егејска Македонија. Силата на нејзината порака е безвременска – повик кон правдата, меморија за изгубеното детство и копнеж по родната грутка.

Андријана Јаневска

Првпат е изведена во 1987 година, на сцената на „Фолк Фест Валандово“, од страна на Александар Сарев, чие интерпретативно мајсторство го остави отпечатокот на оваа композиција во срцата на илјадници Македонци. Авторот во една прилика рекол дека Сарев бил совршениот избор – емотивен, народен, автентичен.

„Македонијо во срце те носиме“ проект работен под уметничката закрила на Скендеровски продукција, е повеќе од музички циклус – тој е културна мисија, патриотски повик и жива врска со корените.

Андријана Јаневска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28338 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.