На емотивниот концерт во Античкиот театар во Охрид, Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара Пројковска, младата пејачка која трагично го загуби животот во пожарот Кочани.
Македонскиот музичар се расплака пред да ја изведе баладата „Ненормален“ за која Пројковска му имала речено дека е многу тажна песна.
„Ми рече: ‘Баце, како можеш толку тажна песна да напишеш’ за оваа следната песна и оттогаш, па натаму, кога ја пеам, на неа ми текнува. Да се потсетиме на Сара. Оваа песна е за нејзе“ – рече Владо.


Заедно со Јаневски, солзи пролеаја и неговите придружни вокали Ана Костадиновска, Теа Богатинова и Стево Чепишевски.
Видеото го споделија од „Сакам да кажам“.
Ана ѝ беше најблиска пријателка на Сара и беа заедно ноќта кога настана пожарот. Таа успеа да се спаси, а сподели фотографии од концертот на Владо со зборовите:
„Емотивна вечер. Љубовна, распеана и по малку тажна“.





Пројковска беше долгогодишен придружен вокал на Јаневски, а нивната соработка остави длабоки траги кај него.


