Почетна » Новости » Животни стории » На 38 години остана вдовица, сега 10 години по смртта на сопругот е бремена со негово бебе

На 38 години остана вдовица, сега 10 години по смртта на сопругот е бремена со негово бебе

Актерка забремени со бебе од сопругот 10 години по неговата смрт и сега се чувствува благословена.

48-годишната Лаура Орико останала вдовица кога имала 38 години и го изгубила сопругот Рајан поради тумор на мозокот. Актерката, која има глумено во серии како „CSI: Miami“ и „Kevin Can Wait“, наскоро ќе си ја исполни големата желба да стане мајка, благодарение на успешното вонтелесно оплодување со замрзната спрема од саканиот.

Лаура Орико

Рајан и Лаура долго време се обидувале да добијат бебе заедно, но нејзините три бремености биле прекинати од спонтани абортуси.

Во 2007 година, три години по нивната свадба, на Рајан му се појавиле силни главоболки. Магнетната резонанца покажала дека станува збор за тумор на мозокот.

„Светот ми застана. Се откажав од актерската кариера и сакав да се фокусирам на него, да ги најдеме најдобрите доктори и најдобрите третмани“ – рекла таа.

Лаура Орико Лаура Орико

Пред да започне со лекување, Рајан одлучил да замрзне сперма за во иднина да може да има свои деца. За жал, иако ги пробале сите достапни третмани за лекување, тој ја изгубил битката со ракот.

По неколку неуспешни врски, Лаура одлучила сама да си го исполни сонот да има свое дете.

„Причината зошто одлучив да го направам ова сама е затоа што ако не го направев сега, можеби ќе беше предоцна и ќе жалев до крајот на животот. Никогаш не планирав да го правам ова сама“ – рекла таа.

Лаура Орико

На 9 јуни, среќната трудница ја добила веста дека е во блажена состојба.

„Ова навистина е чудо.“

„Мислам дека научив дека сум посилна отколку што мислев дека сум и станувам уште посилна. Мислам дека постојано ми се одржуваат лекции.

„Мислам дека сакам да го ценам секој момент. Мислам дека сакам да правам работи со семејството, да одам на патување и едноставно да го поминуваме тоа квалитетно време, бидејќи ако ова ми е единственото дете, а веројатно ќе биде така, нема да ми се врати ова.“

„Возбудена сум што ќе растам неверојатно дете кое сакам да биде опкружено со љубов. Ова е благослов“ – рекла таа.

Лаура Орико

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28338 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.