Почетна » Новости » Занимливости » Секоја чест: Ортопед од Црна Гора му помогна на повредено срнче кое му беше донесено на работа

Секоја чест: Ортопед од Црна Гора му помогна на повредено срнче кое му беше донесено на работа

Докторот Керим Халиловиќ е доказ дека хероите се меѓу нас, но тие не носат секогаш наметки.

Ортопедот од Црна Гора помогна да се спаси животот на срнче со скршена нога. Докторот со големо срце успешно ја санираше скршеницата на слаткото животно старо околу две недели.

Керим Халиловиќ Керим Халиловиќ

Срнчето било однесено во Општата болница во Плевља од страна на локален жител пред крајот на работното време на докторот. Мажот го пронашол повреденото срнче без мајка додека ја косел тревата на својот имот и најпрво се упатил во ветеринарна амбуланта, но таму биле само техничарите кои не можеле да му помогнат.

Решен да го спаси срнчето, се упатил кај Халиловиќ, кој е еден од омилените доктори, и тој веднаш се согласил да помогне. Керим брзо ја проучил анатомијата на малите срнчиња и сфатил што треба да направи.

„На срнчето му беше скршена средната коска, ставивме гипс и човекот кој го донесе го зеде за да се грижи за него додека да закрепне. Срнчето се чувствува добро и сè помина како што треба“ – рекол докторот.

Керим Халиловиќ

Ова не е само приказна за спасено животно, туку и лекција за човечност и сочувство.

@prvatelevizija

Ortoped Kerim Halilović obavio je jednu nesvakidašnju intervenciju u bolnici u Pljevljima. Pored redovnih obaveza jednom malom lanetu uspešno je sanirao prelom noge.

♬ original sound - Prva Televizija

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28338 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.