Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џенифер Анистон негира дека посвојува дете и дека ќе стане мајка

Џенифер Анистон негира дека посвојува дете и дека ќе стане мајка

Џенифер Анистон со години е мета на некултурни инсинуации дека ќе стане мајка, а таблоидите повремено само ја обновуваат сторијата и ја филуваат во ново руво.

Откако се распространи лажна сторија дека популарната актерка посвојува дете од Мексико, нејзината претставничка за јавноста остро ја негираше веста.

Имено, повеќе европски таблоиди објавија дека Анистон им соопштила на колегите од „Пријатели“ дека ќе влезе во родителските води за време на снимањето на нивното специјално шоу. Но, вистината е дека нема никакво посвојување.

52-годишната ѕвезда пред четири години го искажа своето мислење на оваа тема во моќен есеј:

Џенифер Анистон

Ние сме целосни со или без партнер, со или без дете. Ние одлучуваме за нас што е убаво кога се работи за нашето тело. Таа одлука е наша и само наша. Ајде да ја направиме таа одлука за нас и за младите жени низ светот кои нè гледаат како примери. Да ја направиме таа одлука свесно, далеку од вревата во таблоидите. Нема потреба да бидеме во брак или мајки за да сме комплетни. Ние сами решаваме што значи „среќни до крајот на животот“.

Смачено ми е да бидам дел од оваа приказна. Да, можеби еден ден ќе станам мајка и ако некогаш станам, јас ќе бидам првата што ќе ви каже. Но, не трагам по мајчинство заради тоа што сум несреќна на некаков начин, како што културата за селебрити вести сака да нè наведе да мислиме. Одбивам да се чувствувам „помалку“ затоа што моето тело се менува и/или сум изела сендвич за ручек и сум била фотографирана од чуден агол и оттаму сметана за едно од двете: „бремена“ или „дебела“. Да не ја споменувам болната непријатност која доаѓа од честитките на пријатели, колеги и непознати лица за измислена бременост (често и по неколкупати на ден).

Од искуство низ годините научив дека навиките на таблоидите, иако се опасни, нема да се променат за брзо време. Но, она што може да биде променето е нашата свест и реакциите на токсичните пораки закопани во навидум безопасните приказни кои се сервирани како вистини и кои ги обликуваат нашите идеи за она што сме. Ние одлучуваме што ќе купиме од она што ни е сервирано и можеби еден ден таблоидите ќе бидат принудени да го видат светот низ едни поразлични, човечни леќи зашто купувачите престанат да го купуваат ѓубрето.

Џенифер Анистон

Единствениот факт во новите гласини е дека „славните пријатели“, односно педантната Моника (Кортни Кокс), ексцентричната Фиби (Лиза Кудроу), разгалената Рејчел (Џенифер Анистон), хумористичниот Чендлер (Метју Пери), шармантниот Џои (Мет Лебланк) и сезнајкото Рос (Дејвид Швимер), го завршија снимањето на новата специјална емисија која ќе биде прикажана на HBO Max.

Метју Пери сподели и фотографија од зад сцената, но веднаш ја избриша од социјалните мрежи.

Џенифер Анистон

Фановите на хит-серијата со нетрпение го очекуваат големото обединување.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10281 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.